НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Комитет за пристојна работа на жени работнички

 

Правото на пристојна работа претставува едно од фундаменталните човекови права на работничките. И покрај зголемените напори за креирање еднакви можности на пазарот на трудот, жените сеуште се соочуваат со понеповолна положба во македонската економија. Истовремено, инвестирањето во жените е едно од најефикасните средства за зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивниот и одржливиот економски раст.

 

Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) вклучува бројни организации кои делуваат на полето на економското јакнење на жените, а кои се истовремено добро позиционирани да придонесат кон решавањето на предизвиците на родова нееднаквост на пазарот на труд. Покрај на национално, НПЖП делува и на локално ниво, преку мрежата на локални фасилитатори и локални форуми за креирање политики во сите региони на земјата.

 

Комитетот за пристојна работа за работничките во Македонија се основа во рамките на НПЖП со цел подобро насочување на активностите на платформата за промоција, поддршка, градење капацитети, социјален дијалог и застапување на правото за пристојна работа на работничките.

 

Општа цел

 

Вклучување на пристојната работа за работничките во делувањето на НПЖП

 

Конкретни цели

 

  1. Вклучување на пристојната работа за работничките во процесот на политики

 

  1. Обезбедување информации и советодавна поддршка за заштита на правата на работничките

 

  1. Информирање и подигање јавна свест за правото на пристојна работа на работничките

 

  1. Вмрежување со други организации, институции и иницијативи за пристојна работа на национално ниво
Членови на Комитет за пристојна работа на жени работнички
Foto VD
Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис жени и на Комитет за пристојна работа
Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување
MileBoskov
Миле Бошков – Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија
Лазар Јовевски – Професор на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ
Благоја Ралповски – Претседател на Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија
DivnaZ
Дивна Змејковска – Унија на независни синдикати на Македонија
Милан Петковски – Претседател на Македонско здружение за заштита при работа
KristinaAmpeva
Кристина Ампева – Претседателка на Гласен Текстилец
SvetlanaD
Светлана Димоски – Сојуз на Синдикати на Македонија
Проектот е имплементиран од: