НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОСНОВАЧИ


ЗДРУЖЕНИЕ НА БИЗНИС ЖЕНИ


Здружението на бизнис жени  е специфичен и компетентен партнер во дијалогот со Владата, невладините организации, и приватниот сектор, кој придонесува за социјалниот и економскиот развој, ставајќи посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст. Здружението игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката помеѓу бизнис жените, со цел да се поддржат и да се промовираат женските претприемачи во Македонија и во регионот.


Здружението на бизнис жени  беше официјално основано во јули 2010 година како невладина организација која активно работи на унапредување и зајакнување на женското претприемништво во земјата и во регионот. Женското претприемништво како посебна гранка за економски развој во приватниот сектор како и во државните институции и здруженија, не е јасно претпознатливо. Здружението на бизнис жени со текот на времето, преку многу активности придонесува женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата. Како краен резултат на признавањето и промовирањето на активностите на нашето здружение, во декември 2018 година беше изгласана Националната Стратегијата за Женско Претприемништво која Здружението ја изработи во соработка со Министерството за економија на Република Северна Македонија.
Здружението на бизнис жени  активно работи на подобрување на условите за жените во бизнисот и со тоа станува препознатлив ентитет и сега веќе има повеќе од 300 члена, жени претприемачи.

 

Контакт телефон: +389 2 3140703
Мејл: [email protected]
Адреса: Христо Татарчев, бр. 25,1/3 1000 Скопје


ФОНДАЦИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ И ИНДУСТРИСКО ИСТРАЖУВАЊЕ


Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е приватна непрофитна фондација основана во 2002 година со мисија да го поттикнува економскиот раст.

Главните цели на Фондацијата се: поддршка на одржливиот економски раст и конкурентноста, придонес кон зголемено вработување и учење во општество засновано на знаење, промовирање на социјалната кохезија и благосостојба, и
заштита и унапредување на животната средина. Изведуваме истражувања, технолошко базирани проекти, придонесуваме кон развојот на политики и обезбедуваме услуги за поддршка во следните главни области: економски развој, истражување и иновации, животна средина и општество. Концептот на одржлив развој со неговата економска, еколошка и социјална димензија претставува основа за реализација на нашата мисија.

Работиме во партнерство со македонските компании за да им помогнеме да се развиваат, иновираат и воспостават бизнис и технолошки партнерства на глобалниот пазар. Истражуваме и иновираме за да го поддржиме растот на економијата и општеството.
Соработуваме со претпријатијата за да им помогнеме да се развиваат и да пристапат до глобалните пазари. Промовираме еко-иновации за генерирање на бизнис можности. Ја поттикнуваме социјалната кохезија во насока на економски развој и одржлив раст.

 

Веб страна: www.mir.org.mk
Контакт телефон: +389 2 3108 891
Мејл: [email protected]
Адреса: 16та Македонска Бригада, 13б, 1000 Скопје


СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА​


Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Македонија која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија.

 

Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.

 

Сојуз на стопански комори на Македонија овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, помага во пронаоѓање на деловни партнери, известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на
саеми, обезбедува информации за извори на финансирање.

 

Веб страна:  http://www.chamber.mk
Контакт телефон: + 389 2 3091 440

Мејл: info @ chamber.mk
Адреса: ул. Црвена Скопска Општина бр. 10, 1000 Скопје

 

НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ​

 

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори.
НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културните интереси на фармерите, работи на подобрување на пазарните и производните услови во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој. Мисијата на НФФ е Организиран фармер лидер во земјоделскиот и руралниот развој на РСМ додека пак визијата на организацијата е профитабилно земјоделство-стабилно село.

 

Организацијата брои 3000 членови, а повеќе од 30% од членството се жени. Преку лобирање и застапување организацијата дејствува за признавање и подобрување на состојбата на земјоделците во општеството и нивното влијание врз донесување одлуки. Како резултат на тоа направени се бројни измени во националните политики за земјоделство и рурален развој. Како основен дел од работата на НФФ е и родова еднаквост и зголемување на учеството на жените во процесот на донесување одлуки, економско јакнење на жените од руралните средини и нивно активно вклучување во креирање на земјоделската политика.
Составен дел на НФФ е и Мрежата на жени фармери со национална координаторка и осум локални координаторки.
Веб страна:  www.nff.org.mk

 

Контакт телефон: 00 389 (0)2 3050646
Мејл: [email protected]
Адреса: Гиго Михајловски ” бр. 4, 1/1 Скопје 1000 Македонија

Проектот е имплементиран од: