НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

За проектот



Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.


Специфични цели на проектот се: градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво; подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.


И покрај тоа што е зголемен фокусот на создавање на подобри услови за развој на женското  претприемништво, сепак земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици кога станува збор за зголемување на бројот на жени претприемачи и нивната конкурентност. Истовремено, многу меѓународни компаративни трудови и индекси укажуваат на тоа дека Северна Македонија има значителна родова нееднаквост во учеството во економскиот живот на земјата и во пристапот до ресурсите и можностите. Со дизајнирање на Платформата се става акцент на потребата за дијалог, структурна соработка и доверба помеѓу националната / локалната власт и деловната заедница во корист на економското зајакнување на жените, вклучително и младите и руралните жени. Идејата за проектот произлегува од фактот дека инвестирањето во жени е едно од најефикасните средства за зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст. Поврзувањето на приватниот сектор со институциите, општините и сл. ќе придонесе за развој на претприемачката свест и свеста за постоење на можност за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.

Проектот е имплементиран од: