НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ

Во рамки на Проектот „Национална платформа за женско претприемништво „ вклучен е делот на обуки за развој на лидерски вештини кај жените претприемачи и кај оние кои сакаат претприемаштвото да биде нивен професионален избор.

Лидерството како процес влијае на другите за да ги остваруваат задачите преку поставување цели, давање насоки и преку мотивирање. Тоа како таков процес вклучува четири клучни фактори: лидер, тие што го следат, околина или ситуација и процес на комуникација меѓу лидерот и тие што го следат.

Всушност, поголемиот број лидерски позиции се на директно ниво на лидерство и секој лидер, на кое било ниво на лидерство дејствува како директен лидер, кога тоа го прави директно со тие околу него. Лидерот треба  да има  пренослив оптимизам, да покажува почитување на принципите и на средствата за работа, дури и кога и самиот не е сигурен во материјалните резултати,  да поседува чувство на праведност во кое другите ќе имаат доверба,  добро да ја познава човековата природа, да има самоконтрола, да биде добар пресудувач по карактер и одбирач на луѓе,  да биде во состојба да доминира и на крајот да може да управува со се што е околу него.

 

Во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво “, во проектните активности ќе се потенцираат најзначајните лидерски способности во правец на тоа дека, да се биде лидер значи да се развијат сите аспекти на човековата личност со потенцирање на довербата која е неопходна со групата на која е лидер, со која треба да изгради вредности на заедништво.


 

Проектот е имплементиран од: