НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Прв состанок на Советодавниот Одбор на Националната платформа за женско претприемништво

Прв состанок на Советодавниот Одбор на Националната платформа за женско претприемништво

Советодавниот одбор на  Националната Платформа на  Женско Претприемништво е тело,  формирано со цел стратешки да ги насочува и поддржува активностите на НПЖП, вклучувајќи ја и самата транзиција на платформата од ЕУ кофинансирање кон самоодржливост. Тој е составен од  седум членови а тоа се : Јована Тренчевска и Душица Перишиќ  претставници  од јавниот сектор, Јасмина Кантарџиева Димков од медиусмкиот сектор, Маја Столевска Костадинова и Татјана Марковска од финансискиот сектор, Тања Томиќ од грѓанскиот и Тамара Јованов Апасиева , од академскиот сектор. Според насоките во програмата за избор на членови на Советодавниот одбор, сите се истакнати претставници од еко-системот на женското претприемништво, кои ќе се погрижат  Националната платформа за женско претприемништво, секогаш да биде цврсто ориентирана кон потребите на релевантните засегнати страни и целни групи.

На првиот состанок  на Советодавниот одбор, кој се одржа денеска (10.09.2021)  учествуваа и претставници од проектните партнери, Валентина Дисоска , претседател на Здружението на бизнис жени и претседател на  Националната платформа , Елена Блажевска од Здружението на бизнис жени, Мими Шушлеска-Петкова од Сојуз на стопански комори на Македонија, Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување –МИР и Даниела Антоновска од Национална Федерација на фармери. Сите заедно изнесоа клучни моменти од начинот на функционирање на Националната платформа  и дадоа  препораки за потребните активности кои треба да се преземат во врска со работењето во овој период .

На состанокот се дадоа насоки  за основите на делување и тоа секој во својот сектор од каде доаѓа и делува.

 

Советодавниот одбор ќе одржува два состаноци годишно: еден поврзан со годишниот Самит во рамки на проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво” и еден виртуелен состанок.

 

Следниот состанок на Советодавниот одбор ќе се одржи на теми поврзани со годишниот  Самит кој треба да се одржи во текот на  ноември 2021 година.

 

 

 

 

 

Проектот е имплементиран од: