WE RADIO – „ЖЕНИТЕ ЗБОРУВААТ “- Радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво – епизода со ЕМИЛИЈА АНДОНОВА, ОД НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР
0 comments
Емилија Андонова, политиколог. Во досегашната професионална ориентираност работела во невладиниот сектор, родова еднаквост, женско претприемништво и пристап до финансии. Работи во Фондација за менаџмент и индустриско истражување –МИР, како проектен менаџер.
Поборник е за еднакви права, ентузијаст за промени и вечито позитивист дека нештата се случуваат баш како што треба да бидат. Приватно најмногу ја релаксираат, планинарењето и медитацијата која и дава простор за самоанализа. Обожава патувања и откривање на нови места и опуштање со добра музика, книга или филм.