НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Втор состанок на Тематската група- политики и програми во женското претприемништво-осврт и препораки

Втор состанок на Тематската група- политики и програми во женското претприемништво-осврт и препораки

На денешниот состанок, втор по ред на Тематската група – политики и програми во женското претприемништво, учесниците дадоа осврт за досегашните активности и конкретни препораки кои би ги користеле во многу насоки и дејности од женското претприемништво. 

 

На состанокот  присуствуваа 15 членови и тоа: Ксенија Вангелова, Весна Аврамовска, Весна Попоска, Деспина Поповска, Даниела Цветановска, Фросина Ѓоргиевска, Жаклина Голчева, Наташа Сивевска, Ангела Мицковска и претставници на четирите организации основачи на Националната платформа, Валентина Дисовска и Елена Блажевска од Здружение на бизнис жени, Даниела Антоновска од Национална Федерација на фармери, Емилија Андонова од МИР- Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Мими Шушлеска-Петкова од Сојуз на стопански комори. 

На состанокот присутните дискутираа и дадоа осврт за постоечките мерки и програми за женско претприемништво од секторот во кој делуваат како и предлози и препораки за идни мерки и програми, кои би се креирале за подршка на женското претприемништво.

Активностите во следниот период ќе бидат насочени кон изнаоѓање на статистички податоци за жените претприемачки од секторите на рурал, образзование, ИТ секторот, легислативата и други.

Следниот состанок е закажан за првата половина на октомври. 

Проектот е имплементиран од: