НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

15 октомври – меѓународен ден на руралната жена

15 октомври – меѓународен ден на руралната жена

Меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври е ден прогласен од Обединети нации и се одбележува во 80 земји во светот. 

Македонија во организација на Националната Федерација на фармери и Мрежата на жени фармери, веќе 14 години го одбележуваат овој ден и со тоа ја потенцираат важната улога на руралната жена во општеството – вели Васка Мојсовска, претседател на НФФ. Таа потенцираше дека најголемиот фокус во иднина на нивните активности ќе биде во однос на охрабрување на жените со претприемачки дух, за зголемување на нивната позиција со сопственост врз земјоделското земјиште и  решавање на предизвиците во однос на конечно обезбедување на право на боледување на сите фармери и право на користење на породилно боледување на жените од руралните средини. Жените не поседуваат имот т.е. само 5% тие се сопственици и  во многу случаи и ако жена сака да работи како претприемач ,  ретко се газди. 

Оваа година поради сеуште ненадминатите проблеми со пандмеијата, овој ден Националната федерација на фармери го одбележува со голема медумска покриеност и присутност, соопштенија до јавноста, интернет конференции а на 19 октомври ќе се одржи голема ZOOM Конференција на сите регистрирани членови фармери, на која ќе се зборува за тековните ангажмани и насоки за тоа како понатаму – истакна Мојсовска, со нејзината порака која е дел од пораките на 10-тина жени со кои го одбележуваат годинешниот ден на руралната жена.

Билјана Петровска-Митревска, проект менаџерка во Националната федерација на фармери, при своето гостување во Утринската програма на Сител ТВ уште еднаш на јавноста им ги презентираше состојбите и проблемите со кои се соочуваат општо фармерите но и жените фармери  а кои велат дека, 77 % земјоделците се семејно неплатени работници, од кои 50 % се жени. Според резултатите од истражувањето од Земјоделскиот факултет, жените во руралните средини работат 11 часа, мажите пак 9. Жените имаат обврски и во домот и на нив е целосната грижа за семејството. 40 % од жените  во руралот, велат дека не можат да го издржат притисокот. Тие се соочуваат со многу замки и предизвици. 

Фросина Ѓеоргиевска , производител на јаболка од Ресен која е координатор на мрежата на жени фармери, при гостувањето во нашата емизода од радио подкастите на Националната платформа на женско претприемништво “Жените зборуваат“, покрај другите проблеми ги потенцираше сеуште нерешениот статус за социјални пензии  која е една од најголемите причини за тоа што  жените ги напуштаат руралните средини.

Миграцијата село-град е зголемена за  43 %. Затоа крајно време е  државата да работи на тоа. НФФ работи на подобрување на   мерка 115,  според која жената требаше да има родено едно дете и да живее во планинско место за да добие стартно право да стане претприемачка со сопственост во рурална средина, но мерката е променета, и жените кои сакаат да станат сопственици на земјиште и жени претприемачки во рурални средини, можат да ги користат истите. 

Едно е јасно дека сеуште има родова нееднаквост и се многу присутни традиционалните вредности, кои  се пречка во развојот на пооделни бизниси во руралот.

 

Фросина истакна дека  работата на руралната жена е тешка и  за жал нема млади . Не е толку проблем миграцијата село-град, смета таа,  туку тоа што младите  заминуваат од државата, бидејќи не можат товарите на општеството да ги издржат. На земјоделците не им е дозволено чесно да го продаваат својот труд. 

Иако нашата земја важи за земјоделска држава со традиционални земјоделски производи факт е дека со години се соочуваме со голем број предизвици, што доведуваат до зголемен увоз на земјоделски производи. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во последните години имаме десет пати поголем увоз од извоз. Без оглед што располагаме со повеќе од половина милион хектари обработливо земјиште, не успеваме да го прехраниме целото население. 

Иако бележиме зголемен извоз на овошје и зеленчук, нема зголемен извоз на готови производи. Сѐ повеќе се извезуваат раноградинарски производи (суровина или примарен производ), а многу малку преработки. Големите агрокомбинати од регионот и од други држави, на пример, од купените македонски домати и пиперки произведуваат ајвар и други продукти и ги продаваат како скап производ во Македонија. Нашата земја е пред закана да го изгуби во голема мера производството на храна и да остане обична суровинска основа што ќе ја користат други. Од друга страна, домашното производство на жита, месо, масло за јадење, млеко или шеќер, ниту оддалеку не ги задоволува потребите на населението, па Македонија мора да увезува-велат статистичките податоци за состојбите.

Во знак на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври го споделуваме краткиот документарен филм, реализиран од Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, финансиски поддржан од Шведскатa органзиација за развој We Effect. Целта на видеото е да ги прикаже проблемите и предизвиците на жените во руралните средини во  Македонија и заложбите на Федерација на фармери во насока на јакнење и слушање на нивниот глас пред институциите и целосното општество, со кој уште еднаш се сврува фокусто на овој ден кој е Меѓународен ден на руралната жена-15 октомври.

Проектот е имплементиран од: