НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за доделување награда за граѓански организации со добри практики во рамки на женското претприемништво

Јавен повик за доделување награда за граѓански организации со добри практики во рамки на женското претприемништво

“Националната платформа за женско претприемништво” ОБЈАВУВА, Јавен повик за  доделување на награда за граѓански организации  со добри практики во женско претприемништво“, награда која ќе биде доделена на Самитот  “Нови перспективи за женско претприемништво -Прв годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво “ за 2021 година. Самитот  ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје. Главната цел на овој голем настан е зголемување на видливоста и профилот на Платформата и придобивките од истата, во рамки на женското претприемништво. Ваквиот пристап обезбедува можност заедницата на платформата да се собере, за да се споделат најдобрите практика и идеи, како и да промовираат политики што го поддржуваат женското претприемништво.

 

Националната платформа за женско претприемништво е со  главна цел, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели на проектот се: градење на Национална Платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво; подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.

Доколку сакате да бидете дел од овој Самит и воедно да станете потенцијален добитник на наградата, пополнете го и испратете го формуларот  кој ќе го најдете на долу наведениот линк, најдоцна до 05 ноември 2021.

За резултатите од конкурсот навремено ќе бидете известени.

 

Според Програмата на Самитот, доделувањето на наградата  за граѓански организации-добри практики, ќе биде на првиот ден од одржувањето, 18.11.2021.

  https://docs.google.com/forms/d/1xJvXjaeMAI_Vk7uz0fxqvXXy-YJnulpPts5IaDLV-ik/edit

 

Проектот е имплементиран од: