НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за доделување награда – најуспешна млада лидерка

Јавен повик за доделување награда – најуспешна млада лидерка

“Национална платформа за женско претприемништво” ОБЈАВУВА- „Јавен повик за доделување награда-најуспешна млада лидерка претприемачка “, која ќе биде доделена на Самитот  “Нови перспективи за женско претприемништво -Прв годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво “ за 2021 година. Самитот  ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје. Главната цел на овој голем настан е зголемување на видливоста и профилот на Платформата и придобивките од истата, во рамки на женското претприемништво. Ваквиот пристап обезбедува можност заедницата на платформата да се собере за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво. 

Самитот  е во рамки на проектот, чија главна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Специфични цели на проектот се: градење на Национална Платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво; подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.

Доколку сакате да бидете дел од  Самитот “Нови перспективи за женско претприемништво-Прв годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво а со тоа  да станете потенцијална добитничка на наградата, пополнете го и испратете го следниот формулар најдоцна до 05 ноември.

За резултатите од конкурсот навремено ќе бидете известени.

Во рамки на програмата на Самитот во првиот ден,  предвидено е доделување на награда за најдобра млада лидерка претприемачка.

https://docs.google.com/forms/d/1aSM7mgP85kbgXmV_Aj1YSQJI5y7N7F0wSC05AZvdFMw/edit

Проектот е имплементиран од: