НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Самит 2021 – Со овој настан го одбележуваме 19 ноември, денот на женското претприемништво – WEDO

Самит 2021 – Со овој настан го одбележуваме 19 ноември, денот на женското претприемништво – WEDO

Светската организација на Денот на женското претприемништво (WEDO) е  волонтерско движење, што се спроведува во текот на целата година за поддршка на жените во бизнисот на глобално ниво. WEDO ги поттикнува жените лидери, иноватори и претприемачи да иницираат стартапи, да поттикнат економска експанзија и да ги унапредат заедниците ширум светот.

 

WEDO се слави во 144 земји и 65 универзитетски колеџи на меѓународно ниво! Мисијата на WEDO е да ги поттикне 4-те милијарди жени ширум светот да бидат катализатори за промени и да ги подигнат над 250 милиони девојки кои живеат во сиромаштија ширум светот. Кога жените се финансиски посигурни, семејствата, заедниците, државите и земјите подобро просперираат. Ова гради глобален план што ќе ја ублажи и искорени сиромаштијата.

 

 

Светскиот ден на женското претприемништво е инспиративна иницијатива основана од Венди Дајмонд која очекуваме да се вклучи онлајн на Самитот “Нови перспективи за женско претприемништво“  на 18. ноември, во делот на Панел дискусијата “Меѓународни искуства и успешни приказни во подршка на женското претприемништво “. Венди Дајмонд како основач на WEDO е подржувач и соработник на Националната платформа за женско претприемништво.

 

Самитот во живо и сите онлајн вклучувања на нашите еминентни соработници од полето на женското претприемништво во светот,  сите заинтересирани можат да го следат и онлајн преку апликацијата ZOOM, а можете да се пријавите на следниот линк:  https://us02web.zoom.us/j/82058627748 десетина минути пред почетокот на настанот кој и на 18 и на 19 почнува во 9 и 30 часот.

 

Во исто време настанот може да го следите и во живо на ФБ страницата https://www.facebook.com/NPWENationalplatformforwomenentrepreneurship

 

Националната платформа на женско претприемништво,(НПЖП ) одбележувајќи го Светскиот ден на жените од бизнис светот, се приклучува кон Глобалното одбележување на овој значаен ден како дел од WEDO организацијата.

 

Целта е единствена, поттикнување и развој на женското претприемништво, што ќе доведе до позначајно присуство на жените во бизнис светот и намдинување на постоечките бариери.

 

Самитот 2021 за женско претприемништво ќе се одржи на 18 и 19 ноември 2021, во хотел Александар Палас во Скопје, со почеток во 9 и 30 часот.

 

Агендата на Самитот може да ја погледнете тука:

https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/11/Agenda_MK_Summit_NPWE.pdf

Проектот е имплементиран од: