Проектот Национална платформа за женско претприемништво, формиран од Здружение на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување -МИР а кофинансиран од Европската Унија, зад себе ја има првата година од почнувањето на овој значаен проект за жените претприемачи.
Токму со заокружувањето на првата година се одржа и Првиот Самит за женско претприемништво, а со цел да се презентира сработеното и најава за тоа што треба да се сработи, беше изработена видео приказна НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО, па погледнете ја !