НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Формирање на хабови во општините – Со потпишување на Декларација, Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов даде подршка за унапредување на женското претприемништво

Формирање на хабови во општините – Со потпишување на Декларација, Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов даде подршка за унапредување на женското претприемништво

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, денеска оствари средба со тимот  на Националната платформа за женско преттприемништво, претседателката Валентина Дисоска и координаторот на Проектот за градење капацитети Мими Шушлеска Петкова, при посетата на  Југоисточниот плански регион а со цел формирање на Локални хабови и проширување на Проектот на локално ниво.  При средбата се разгледуваа можностите за заедничка соработка во делот на подобрување на условите за развој на  женското претприемништво.

На средбата на којашто присуствуваа и претставници од Општината и локалниот координатор, Ксенија Вангелова која е член на Тематската група на Проектот, претседателката  Дисоска ги претстави целите на Проектот, и ги потенцираше клучните точки а тоа се меѓу другото и: градење на Платформата како главен социјален партнер за креирање на политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво  на национално и локално ниво и промовирање на жени претприемачки како двигатели на промени во јавната политика. -“Многу се важни и кои се плановите на Општината Струмица во однос на унапредување на економскиот статус на жената“ – посочи Дисоска во своето излагање. 

 

Градоначалникот Костадинов на средбата ја потпиша Декларацијата за унапредување на женското претприемништво и со тоа даде поддршка на политиките и мерките за економско јакнење  на жената.

-Во мојата предизборна програма токму економското јакнење на жената, развојот на женското претприемништво и формирање на Здружение на бизнис жени на Струмица, имаат важен дел- потенцираше Костадинов на денешната средба.

  

Проектот е имплементиран од: