Почитувани членови, соработници и подржувачи на Националната платформа за женско претприемништво, еве не во деновите кога го заокружуваме работењето на нашата и ваша Платформа за првата година, која по многу нешта беше значајна и што е најважно создаде основа за понатамошно работење и остварување на сите зацртани цели и задачи, чекорејќи храбро кон остварување на главната цел а тоа е “Подобри услови за развој и функционирање на женското претприемништво “.
Остварените цели се значајни и навистина Тимот на Националната платформа заедно со сите членови им заблагодарува на сите подржувачи, институционални и индивидуални, кои подадоа рака, заедно да ги постават основите на Националната платформа за женско претприемништво, проект помогнат од Европската Унија.
За да не следите, и знаете кои се нашите активности на почетокот на второто шестомесечје од оваа година ги ставивме во функција:
-Порталот на Платформата-https://www.weplatform.mk , кој ги следи сите значајни активности, навремено информира а воедно ги освоивме -Социјални медиуми:
Facebooк-https://www.facebook.com/NPWENationalplatformforwomenentrepreneurship
Instagram/https://www.instagram.com/npwe_platform/
Linkedin / https://www.linkedin.com/company/77856901/admin/ )
Можете да ги следите нашите радио подкасти со жени претприемачки, и оние од невладиниот и јавниот сектор што го подржуваат женското претприемништво на единственото www.weradio.mk
Доколку сакате да ги следите видео подкастите ,тоа може да го направите на нашиот yutube канал „Тајната на успехот“- https://www.youtube.com/channel/UC3RFStT7eH4_tyzb3VrlimQ
Станавме многу видливи и присутни во медиумскиот простор, со што и целокупната работа на НПЖП добива секој ден се поголемо значење во јавноста.
За сите активности на Националната Платформа во овој шестмесечен период, можете да прочитате во нашиот Newsletter #2 !
Преземи Билтен: https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/12/PUBLISH-_Newsletter-2.pdf