НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Националната платформа за женско претприемништво- План за застапување и претставување

Националната платформа за женско претприемништво- План за застапување и претставување

Националната платформа за женско претприемништво изработи “План за застапување и претставување “ за следниот двегодишен период.

Економскиот развој не може да се постигне без активно учество на жените во сите аспекти на животот. Постои консензус меѓу научниците дека жените можат да играат клучна улога во претприемничкиот феномен. Учеството на придонесот на жените во економскиот и социјалниот развој зависи од унапредување на родовата еднаквост и родовата поддршка од институциите. Иако жените сочинуваат околу педесет проценти од светската популација, во споредба со мажите, тие
имаат помала можност да го контролираат својот живот и да донесуваат одлуки.Различни студии покажуваат дека претприемачите придонесуваат за економски развој, создавање работни места и различни аспекти на благосостојба преку креативно технолошко учење и промоција. Сите земји ја сметаат претприемачката промоција како клучна политика за одржливо креирање на работни места односно намалување на стапката на невработеност, како и иновации во производи, производствени процеси и организации. (Извештај на Советот на ОЕЦД, 2020). Жените се недоволно застапени во однос на претприемничките активности и уште повеќе во претприемништвото со висок раст, генерирање приходи и перспективи за одржливост (ОЕЦД, 2019), е основата околу се движат сите напори на Националната платформа во периодот на поставување и проширување на сите активности за равзој на женското претприемништво.

Планот за застапување и претставување можете да го погледнете на следниот линк: pulish- Plan za zastapuvanje i lobiranje NPWE

 

 

 

Проектот е имплементиран од: