НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ЈАВЕН ПОВИК за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект

ЈАВЕН ПОВИК за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект

Владата на Република Северна Македонија објави Јавен повик

Рок на пријавување: 31.01.2023

1. ПРЕДМЕТ  

1.1 Јавниот повик се објавува согласно Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, а во него се уредени критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата (во натамошниот текст: стратешки инвестициони проекти), а со цел да поттикнување, привлекување и создавање услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на Република Северна Македонија, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија, согласно принципите на слободно движење на стоки, услуги и капитал, на слободна конкурентност и еднаков третман, недискриминација и транспарентност.

1.2 Постапка за стекнување на статус стратешки инвестиционен проект, од страна на сите страни, ќе се спроведува на фер, транспарентен и недискриминаторен начин, со активно учество на стручната и поширока јавност на начин утврден во актот од членот 11 став 2 од Законот за стратешки инвестиции. 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

2. ДЕФИНИЦИИ

2.1 За стратешки инвестиционен проект се смета проект кој исполнува една или повеќе цели од точката 1.1 од Јавниот повик, а со кој се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село. 

2.2 По исклучок од проектите во точка 2.1., за стратешки инвестициони проекти се сметаат и проектите реализирани во рамките на договори меѓу држави, проекти кои се спроведени и финансирани во соработка со Европската Унија, Министерскиот Совет на енергетска заедница, (PECI – Project of Energy Community Interest; PMI – Project of Mutual Interest; PCI– Project of Common Interest) како и оние со меѓународни финансиски институции, каде носител на инвестицијата е орган на државна управа, јавни претпријатија основани од државата или општините, како и трговски друштва кои се во целосна или во сопственост на државата и на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и други правни лица чиј основач е Република Северна Македонија или општините.

 3. ОПШТИ УСЛОВИ  ЗА ДОБИВАЊЕ НА СТАТУС НА СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИИЦИОНЕН ПРОЕКТИ

3.1 Реализацијата на стратешките инвестициони проекти е јавен интерес. Стратешкиот инвестиционен проект кумулативно треба да ги задоволува следните услови:
3.1.1 Предложените инвестиции мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на Република Северна Македонија,
3.1.2.Предложените инвестиции не смеат да бидат спротивни на Уставот на Република Северна Македонија, законите и обврските коишто произлегуваат од меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот,
3.1.3 Јавните стратешки проекти мора да бидат во согласност со стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Статусот на стратешки инвестиционен проект може да се утврди според условите и постапките утврдени со овој закон за проекти во следниве области:

  • Енергетика со инфраструктура;
  • Транспорт и телекомуникации;
  • Туризам;
  • Преработувачка индустрија;
  • Земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • Прехранбена индустрија;
  • Здравство;
  • Индустриски и технолошки паркови;
  • Управување со отпадни води и отпад;
  • Информатичко-технолошки зони;
  • Спорт;
  • Наука и образование;
  • Градење на големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една област од областите наведени оваа точка.

3.1.4 По исклучок од услови утврдени во точка 3.13, за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект, статус на стратешки инвестиционен проект имаат и проектите во областите кои не се опфатени, а инвестицијата надминува износ од 150 милиони евра во денарска противвредност.

4. ПРАВО НА УЧЕСТВО

4.1 Правото на учество на Јавниот повик го стекнуваат домашно правно лице или подружница на странско правно лице, регистрирани за вршење дејност на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон и кои што ги исполнуваат барањата и потребна документација за добивање статус на стратешки инвестиционен проект утврдени во Образецот на барањето за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект што го утврдува Владата.
4.2. Кон барањето од точка 4.1 особено се приложува и:

  • инвестициски бизнис план или студија за изводливост за јавни стратешки проекти кои содржат и анализа на ризици, инвестициски финансиски план, работна програма за спроведување на стратешкиот инвестиционен проект за време на траењето на инвестицијата,
  • согласност за задолжување во смисла на Законот за јавен долг за јавен стратешки инвестиционен проект,
  • микро и макро локациски услови на инвестицијата,
  • ревизорски извештај за субјектот што инвестира за одреден временски период и ревизорски извештај за компанијата која е сопственик на субјектот кој инвестира,
  • детално портфолио на субјектот што инвестира, вклучително и неговите подружници,
  • референтна листа од искуства на инвеститорот во слични проекти,
  • опис на начинот и изворите на финансирање на проектот,
  • доказ за финансиска способност за остварување на стратешкиот инвестиционен проект, кој задолжително содржи ревидиран годишен финансиски извештај за годината која и претходи на годината во која се поднесува барањето, односно годишни извештаи на пропишани обрасци за инвеститорите кои не подлежат на ревизија, деловни извештаи за тримесечјето кое претходи на предавањето на барањето, обрасци за бонитет не постари од 30 дена),
  • согласност на стратешкиот инвеститор со која се овластува Комисијата да прави проверки и контроли на податоците претставени во портфолиото на стратешкиот инвеститор,
  • годишни сметки (биланс на состојба, биланс на успех и извештај за готовински тек) за последните три финансиски години на стратешкиот инвеститор и на компанијата која е сопственик на стратешкиот инвеститор,
  • банкарска гаранција за реализирање на стратешкиот инвестиционен проект во висина од 3% од вредноста на приватната инвестиција,
  • потврда дека инвеститорот ги платил сите доспеани обврски, обврските за пензиско и здравствено осигурување и други јавни давачки, не постари од 30 дена,
  • потврда дека не е отворена стечајна или ликвидациона постапка. 

5. ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ 

5.1 Барањето во утврдениот Образец (преземи тука),  со комплетна документација предвидена во  точка 4 од  јавниот повик се доставува во еден оригинален примерок, потпишан од страна на одговорното лице,  до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија на еден од следниот начин:

  • Во затворен плик преку пошта на следната адреса: бул. Илинденска број 2 – Скопје или во архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, секој работен ден од 8 до 16 часот. 
  •  На предната страна на пликот да пишува „НЕ ОТВОРАЈ“, а под него „за јавен повик за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект “. 

5.2. Барањето како и целокупната документација и коресподенција поврзана со Барање се одвива на македонски јазик.

6. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР 

6.1 Проектите се стекнуваат со статус за стратешки инвестиционен проект на предлог на Комисија за стратешки инвестициони проекти чиј состав, надлежности и начин на работа се утврдени со Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

6.2 Комисија за стратешки инвестициони проекти во рок од 30 работни дена од денот на поднесување на целокупната документација за добивање статус на стратешки инвестиционен проект ги оценува поднесените документи и врши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот.

6.3 Доколку се утврди дека документацијата не е целосна, Комисијата ќе побара во писмена форма или по електронски пат од стратешкиот инвеститор да ги дополни сите неопходни документи и податоци. Барателот мора да ја комплетира документацијата во временски рок од десет дена од датумот на прием на известувањето.

6.4 Доколку стратешкиот инвеститор не постапи во рок од 10 дена, Комисијата ќе го извести во рок од пет дена од истекот на рокот за дополнување на документацијата, дека барањето нема да биде предмет на разгледување во постапката за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект.

6.5 Доколку Комисијата оцени дека предлог проектот ги исполнува барањата од овој закон дава препорака до Владата во рок од седум работни дена од доставување на препораката да донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект.

6.6 По донесувањето на одлуката за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект, Комисијата до надлежното министерство дава предлог-договорот за стратешки инвестиционен проект како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект, освен за проектите дефинирани во точка 2.2., кои надлежното министерство во рок од седум работни дена од доставувањето од страна на Комисијата ги доставува до Владата и до Државното правобранителство на Република Северна Македонија, кое е должно во рок од седум работни дена од денот на доставеното барање да даде мислење по предлог-договорот и предлог законот.

6.7 Владата донесува одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект и дава согласност на предлог-договорот за стратешки инвестиционен проект и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект по претходно добиено позитивно мислење од Државно правобранителство на Република Северна Македонија.

6.8 Владата ја донесува одлуката за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект во рок од седум дена од денот на добивање на предлог од Комисијата.

6.9 Владата го склучува Договорот за стратешки инвестиционен проект во рок од три дена по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект, односно по влегувањето во сила на одлуката за утврдување на статус  на стратешки инвестиционен проект дефиниран во точка 2.2.

6.10 Договорот за реализација на јавен стратешки инвестиционен проект кој ќе се финансира со задолжување со заем со или без државна гаранција е ништовен доколку во моментот на задолжувањето не може да биде обновена согласноста за задолжување во смисла на Законот за јавен долг.
 

7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ

7.1 Договорот за стратешки инвестиционен проект ги содржи особено следниве елементи:

  • назив и седиште на стратешкиот инвеститор,
  • назив на стратешкиот инвестиционен проект,
  • утврдена вредност на капитал што ќе се инвестира,
  • вид на стратешкиот инвестиционен проект,
  • локацијата на која ќе се реализира стратешкиот инвестиционен проект,
  • опис на недвижниот имот на кој ќе се реализира стратешкиот инвестиционен проект,
  • рокови за реализација на преземените права и обврски,
  • начин на постапување во случај на ненавремено издавање на документи согласно со закон,
  • рокови и услови за активирање на банкарската гаранција,
  • правна заштита на правата и обврските на договорните страни,
  • одредби за решавање на спорови,
  • одредби за престанување на договор,
  • одредби за раскинување на договорот.

7.2 Договорот што не ги содржи елементите од точката 7.1 е ништовен.

8. РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ 

8.1 За реализација на стратешки инвестициони проекти, потребните одобренија, дозволи, согласности, лиценци, овластувања, потврди и други документи кои се издаваат согласно со посебните закони ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект. 

8.2 Рокот за добивање на одобрение за градба за стратешките инвестициски проекти не смее да биде подолг од 36 месеци од денот на стекнување на статус на стратешки инвестициски проект.

8.3 По исклучок, доколку Комисијата оцени дека рокот нема да биде доволен за добивање на одобрение за градба, Комисијата може да го продолжи рокот за период не подолг од девет месеци на начин утврден во актот од членот 11 став 2 од Законот за стратешки инвестиции на Република Северна Македонија.

9. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

За дополнителни информации на електронска адреса: [email protected]к

Проектот е имплементиран од: