Платформата „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите”, со своите членови учествуваше во изготвување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024.
Владата, на 130-та седница, одржана на 28.12.2021 година, ја усвои Стратегијата и Акцискиот план се објавени наwww.nvosorabotka.gov.mk
Заедничката успешна соработка во подготвувањето на овој стратешки документ на Владата ќе продолжи и во периодот што следи, при имплементација на активностите од Акцискиот план за унапредување на околината во која работи и се развива граѓанското општество- се вели во соопштението од Одделението за соработка со невладини организации при Генералениот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.