НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Формирани локални хабови и назначени координаторките за спроведување на активностите и остварување на целите на Националната платформа за женско претприемништво

Формирани локални хабови и назначени координаторките за спроведување на активностите и остварување на целите на Националната платформа за женско претприемништво

Првата година од работењето на Националната платформа за женско претприемништво, беше заокружена со активности околу организирање на Локални Хабови во осумте плански региони. На овој начин Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП)  влезе во следната фаза, кога активностите од Национално ги проширува на локално ниво, за да овозможи понепосредно информирање и достапност на Платформата до жените претприемачки.

Тимот од НПЖП кој ги посети сите региони и потпишуваше Декларација за унапредување на женското претприемништво на локално ниво, создаде тим на локални координаторки кои функционално ќе ги спроведуваат активностите за остварување на целите на Националната платформа за женско претрпиемништво .

Локалните координаторки според упатсвата на проектот оваа и следната година ќе треба да го прошират своето дејствување, преку организирање на разни активности.

 

Локалние координаторки на осумте плански региони се: 

Во Полошкиот регион Координаторка на Хабот е Елена Мишевска а активностите ќе ги координира од Тетово. Елена Мишевска има 14 годишно искуство во имплементација на проекти поддржани од меѓународни донатори а и дополнително претходно искуство со женско претприемништво – ЕУ Проект – WE MAKE и има дадено значителен придонес за Полошки Регион во поддршка за отварање над 100 бизниси управувани од жени. 

 

Во Југозападниот регион Хабот ќе го координира Сузана Наумовска со седиште во Охрид. Таа веќе 30 години е жена претприемач а со самото тоа има големо искуство и знаења во однос на условите, потребите и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки.  Сузана по образование е Менаџер по економија и туризам, дипломирала на Факултетот за туризам во Охрид. Таа е 25 годишен  едукатор во ОЈУ Граѓански Универзитет за доживотно учење ,,КУЗМАН ШАПКАРЕВ’’- ОХРИД.

 

Пелагонискиот регион својот Хаб сместен во Ресен ќе го координира Руменка Димовска која  веќе 15 години е самовработена, по професија е допломиран агроном и меѓу другото се занимава и со производство на храна и преработки на овошје и зеленчук. Веќе  една година е ангажирана како консултант во Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола. Своето неформално образование и искуство  го  стекнала како  член на  повеќе  здруженија и тоа: ,,Здружение против дискриминација, ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен “, ,,Здружение на овоштари Благој А. Котларовски “Ресен, ,,РУРАЛНИ ЖЕНИ ОД ПРЕСПА”Ресен.

 

Југоисточниот плански регион со центар во Струмица локалниот хаб ќе го координира Ксенија Вангелова. Таа е основач и Извршен директор  на Бизнис Иновациски Центар Струмица  е  виш соработник за имплементација на активни мерки и политики за вработување, кариерен советник и советник за работодавачи во Агенција за Вработување на РМ. Член е на EBN  (European Business and Innovation Centre Network).

 

Во Источниот плански  регион Координаторка на хабот е Невенка Лангурова Гирова со центар во Штип која е дел  е од основачите и извршен директор на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип.

Невенка има 19 годишно искуство во зајакнување и поврзување на граѓански организации и општините, бизнис секторот и медиумите. Во текот на професионалниот ангажман има имплементирано и управувано со проекти поддржани од домашни и меѓународни донатори, организирано и учествувано на настани, конференции, како и менторирано организации и институции за нивен институционален развој, развивање и управување со проекти, подготовка на стратегии, документи за јавни политики итн.

 

Во североисточниот координаторка на Хабот е Ива Маглвоска со центар во Куманово. Таа е дипломиран правник по меѓународни односи и е член на Здружението на жени СИРМА од Куманово со многу годишно искуство во имплементација на проекти за родова еднаквост и човекови права.

Ива Магловска  била проект менаџер на проектот “Инклузија на млади со пречки во развој на пазарот на трудот во североисточен регион“, како и претходно искуство со женско претприемништво како локална координаторка на проектот We Make. 

 

 

 

Вардарскиот регион ќе го координира Снежана Димитриевска со седиште во Велес. Таа има повеќе од 7 годишно искуство во креирање, аплицирање и имплементирање на проектни циклуси поддржани од национални и меѓународни донатори, а кои го поддржуваат локалниот и регионалниот развој. Од неодамна, односно од Јули 2021 година, стана и проектен координатор на Регионалната канцеларија за поддршка на социјално претприемништво.

 

 

И Скопскиот регион од Скопје ќе го координира од својот Хаб Викторија Митрикеска. Викторија има 12 години работно искуство во проектен менаџмент како и подготовка на регионални програми и стратегии за идентификување, промовирање и генерирање на синергии со владата, партнерите, граѓанските организации, бизнис секторот и другите засегнати страни.

 

Веќе се договорени првите средби и активности со координаторките на Локалните Хабови.

Проектот е имплементиран од: