НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Заедно до подобри услови за жените претприемачи – денеска потпишана Декларација за женско претприемништво со Општина Центар

Заедно до подобри услови за жените претприемачи – денеска потпишана Декларација за женско претприемништво со Општина Центар

Денеска претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска потпиша Декларација за  подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво  со Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

На средбата градоначалникот Герасимовски, потенцираше дека само со заедничка системска подршка ќе дојде до напредок во условите за работа на жените претприемачки.  Во текот на работната средба, првиот човек на општината подетално се запозна со долгорочните цели и планирањето на претстојните активности, кон кои се стремат членовите на оваа платформа.

Инаку, Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) е воспоставена преку проект кој е кофинансиран од ЕУ, а го спроведува Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) а оттаму  истакнуваат дека со самото тоа што се повеќе Општини но и организации и поединци се придружуваат на оваа Платформа е доволен доказ дека заложбите веќе даваат позитивни резултати.

На средбата присуствуваше и Викторија Митриќеска, Координаторка на платформата за Скопскиот плански регион и координаторка за одржлив развој и подршка на приватниот сектор во истиот регион.

                   

Проектот е имплементиран од: