Третиот состанок на Тематската група „Пристап до финансии “, беше со исклучително разновидна и плодна дискусија за стандардните и алтернативни начини во пристапот на финансии, за развој на женското претприемништво. Најнапред беа утврдени приоритетите во расправата, по што следуваше во насока на развивање на нови предлози и сугестии за други форми на финансирање и користење на фондовите на институциите и други финансиски инструменти.
На состанокот презентација за досегашните препораки и насоки во оваа најважна тема во развојот на женското претпримеништво, имаше Јасмина Бошевска од Националната федерација на фармери, партнер во проектот Национална платформа за женско претприемништво.
За општите заложби на Националната платформа за женско претприемништво зборуваше претседателката Валентина Дисоска, која покрај другото посебен акцент даде на потребата и заложбите за формирање на Фонд за женско претприемништво, во рамки на државните институции , кои покрај финансиска помош првенствено ќе биде насочен кон обединување на информациите, достапноста на линковите и обединувачкиот процес на сите кои сакаат да почнат во оваа сфера на економско делување.
На состанокот покрај членовите на четирите организации носители на Проектот- Национална платформа за женско претприемништво, беа присутни и претставници од Невладиниот и Јавниот сектор, соработници од областа на финансиите и членови на различни органи на Платформата.
Ирена Ѓоргиевска од Фонд за иновации (ФИТР) потенцираше дека покрај стандардните инструменти за финансирање, стартапите се кофинансираат од грантови од Фондот за 10-тина потребни ставки.
Елизабета Тодорова од Министерството за економија, информираше дека во приоритетите на Годишната Програма стојат жените претприемачи во туризмот и дека за развој на претприемништво постои Гарантен фонд каде нема назнаки “за жени претприемачки“.
За алтернативните начини за финансирање зборуваа: Дарко Арсов -бизнис акцелератор, кој нагласи дека Кримсон агенцијата каде тој работи дава помош по основ на кредити и краткорочни кредитирања и вложуваат во иновативни бизниси. Се почест е терминот “бизнис ангели“ а за нив зборуваа Тоше Коцевски и Ѓорѓи Кушевски, кои дадоа пресек колку е присутен овој начин на финансирање и колку жени се корисници, со информација дека повеќе жените се присутни во социјалното претприемништво.
Од Македонската берза зборуваше Каролина Керовска Божиновска, која ги предочи сите проблеми за водечките инврстиции и дека во нивниот модел преземен од Естонската платформа има најразлични коммпании.
Присутните од различни институции беа согласни дека основање на Фонд за женско претприемништво, ќе биде корисен модел за соединување на жените претприемачи и помош во надминување на нивните предизвици.
Сепак, многу прашања се отворени, посебно оние колку жените сериозно во непроменети општествени услови можат да бидат сериозни претприемачки, кои се причините за неуспех на нивните бизниси а особено зошто се одлучуваат да влезат во светот на бизнисот но во мали претприејатија?
Секако се нагласи потребната едукација за полето на претприемништвото во образованието, која засега ја водат недоволно стручен кадар.
Од работата на Тематската група “Пристап до финансии“ во рамки на Проектот Национална платформа за женско претприемништво ќе се подготват Инфографици кои ќе бидат насока за понатамошно делување.