НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Трет состанок на Советодавниот Одбор на Националната платформа за женско претприемништво

Трет состанок на Советодавниот Одбор на Националната платформа за женско претприемништво

Во рамки на продолжување на активностите од минатата година, кои како своја агенда и обврска ја имаат членовите на Советодавноиот одбор, денеска на ZOOM платформата се одржа третиот состанок (прв во оваа календарска година), на членовите на ова Советодавно тело на Националната платформа за женско претприемништво, Проект кофинансиран од Европската Унија  а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

 

“Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво
(НПЖП), произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа “ –  како вовед го изнесе на почетокот на состаноко,т  Мими Шушлеска Петкова од Сојузот на стопански комори, која ги запозна и со активностите на Локалните координаторки и процесите и настаните што следат како и за работата и заклучоците од Тематската група која работеше на тема „Пристап до финансии“.



Од членовите на Советодавниот одбор се очекува учество на два состаноци во текот на годината. Одборот треба да обезбеди експертиза и препораки за активности на Националната платформа за женско претприемништво, кои ќе придонесат за креирање на цели и нивна реализација. Оваа година во него  ќе работат повторно седум членови а тоа се:  Душица Перишиќ, Јасмина Кантарџиева Димков, Маја Столевска Костадинова, Тања Марковска, Тања Томиќ, Тамара Јованов Апасиева и од оваа година член е Јумни Адеми од Министерството за економија. 

По краткиот вовед од страна на претседателката Валентина Дисоска, почна дискусија за темите кои се фокус на овогодишното рабпотење а тоа се: Подобрување на пристапот на финансии за жените претприемачи и Дигитализацијата-нови можности и перспективи.

 

Тамара Јованов Апасиева, професор на Штипскиот Универзитет, зборуваше за истражувањата по однос на жените претприемачки со вклучување на нови вештини и алатки. Анализата укажува дека не е  токму овој поволен периодот за почеток на нови бизнис а дигитализацијата доведува до голем јаз меѓу жените кои знаат и оние што не знаат. Сите тие нови технологии ги ограничуваат жените и затоа е неопходно и многу важно заедничко делување за помош и насочување. Жените не се охрабруваат лесно за да почнат со биззнис и затоа им е потребна подршка како и  соодветна едукација.

 

Душица Перишиќ  во фокусот на своето излагање го стави Пристапот до финансии, како најважен сегмент во почнувањето на бизнисите на жените претприемачи. Во рамки на државните институции од Локалната самоуправа во моментов се работи на нов Проект – Агенција за помош на претприемачите и да се најде начин да се одвојуваат средства за женско претприемништво. Таа посочи дека треба да се ангажираат и активираат Општините на локално ниво за помош за жените претприемачки.

 

Јасмина Кантарџиева Димков, се осврна на заклучоците од минатиот состанок за промовирање на активностите на НПЖП во медиумите. Досега е остварена некоја соработка со фокус на финансирањето  за почеток на старт ап компании и дека и понатаму ќе се објавуваат и промовираат текстови од оваа област како подршка.

 

 

Маја Столевска Костадинова фокусот според искуствата и можностите на  Европска банка за обнова и развој, го стави во дигитализација, која е многу актуелна и потребна потоа и  инклузијата на жените и разни други ранливи категории а исто така и зелени технологии. Потребен е развој на софтвери во услуга за почеток на бизниси, дигитални алатки и организирани обуки за кои има интерес. Иако, жените се повеќе во сферата на занаетчиството но и тука веќе има интерес за дигитализација. Важно е женските бизниси да бидат вклучени во сите текови на дигитализација и во сите области на делување.

 

На Советодавниот одбор како член се приклучи и Јумни Адеми, од Министерството за економија, кој во својата дискусија зборуваше на темата за Пристап на финансии на жените претприемачи. Тој предложи следните месеци да работат  сите заедно и да се најде начин за развој на женското претприемништво каде ќе с в клучат и Занаетчиската Комора и членовите на Националната платформа . За дигитализацијата МЕ се обиделе преку мерки, како воведување на дигитални процеси, но немало одзив за тоа што не значи дека не треба повторно да се актуелизира. Затоа тој ќе иницира средби и заеднички активности кои ќе бидат со крајна цел-подршка на женското претприемништво. Да се најдат начини за поврзување со Бизнис центрите во државата и да се изнајдат начини за влегување и во таа сфера. Според него, има финансии но не само жените сите претприемачи, малку се заинтересирани во воведување на дигитални алатки во процесот. Има многу нешта да се направат  само треба заедничко и поинтензивно ангажирање на сите релевантни чинители.

 

Во заокружувањето на насоките од состанокот се зборуваше за тоа каде се финансиите, какви промени треба да се случат за да се дојде до подобар пристап до финансии. Се донесоа заклучоци за вмрежување на самите членови на Советодавниот одбор, кои доаѓаат од различни средини и треба заеднички да дејствуваат во насока на користење на средствата наменети за женско претприемништво. Беше и нагласена многу важната едукативна страна за развој на женското претприемништво, која треба да се размисли како да се вклопи и на кој начин да се вклучува. Валентина Дисоска, како насока даде предлог да се изработи еден сестран заеднички и одржан документ, кој ќе биде  стабилна насока, по која ќе се изоди патот во сферата на Пристап до финансии и Дигитализација во женското претприемништво. 

Следната средбаа е планирана за на есен а дотогаш следат бројни активности.

 

 
Проектот е имплементиран од: