Проектот Национална Платформа за Женско Претприемништво – НПЖП, кој го спроведуваат организациите: Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери, организира ОБУКИ за ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ наменети за претставници од граѓанските организации за зајакнување на капацитетите на претставници од граѓански организации за застапување и политики.
Вчера и денеска ( 19ти и 20-ти мај) во Хотел Турист во Скопје, започнаа да се имплементираат обуките а вториот дел ќе биде на 2 и 3-ти јуни. Обуките се поделени во три модули:
МОДУЛ 1: ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ, ВМРЕЖУВАЊЕ, СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА, ОДРЖЛИВОСТ.
МОДУЛ 2: ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ИСТРАЖУВАЊЕ И ФАКТИ
МОДУЛ 3: ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ И ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗАМ
Ментори обучувачи во овој дел на обуката беа: Стефан Ивановски, Југослав Ѓорѓиевски и Мирослав Драганов.
Првиот дел од обуката беше наменет за Организациски менаџмент, вмрежување, собирање средства и одржливост, каде учесниците имаа можност да анализираат предности и слабости на една организација како и изготвување на нацрт план за унапредување на организацискиот менаџмент и структура во организација со цел да може да се поддржат иницијативите и активностите поврзани со проектот, вмрежување и собирање на средства во функција на организациска одржливост.
Учесниците имаа можност да изработат конкретен концепт и акциски план за вмрежување на ниво на организација а во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво како и прибирање на средства и избор а соодветни алатки и методи за организирање на секојдневните активности.
Учество на обуките земаа претставници од граѓански организации од Македонија како и претставници од Младински совети кои своето знаење ќе го пренесат на своите соработници.