НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Втор дел од Обуките за претставници од граѓанските организации “Застапување и политики “ се одржа на 2 и 3 јуни во Скопје

Втор дел од Обуките за претставници од граѓанските организации “Застапување и политики “ се одржа на 2 и 3 јуни во Скопје

На 2-ри и 3-ти јуни во Хотел Турист во Скопје се имплементираат обуките дел од Националната Платформа за женско претприемништво наменети за зајакнување на капацитетите на претставници од граѓански организации за застапување и политики.  Обуките се одржуваат четири дена и  беа поделени во три модули:

МОДУЛ 1: ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ, ВМРЕЖУВАЊЕ, СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА, ОДРЖЛИВОСТ

МОДУЛ 2: ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ИСТРАЖУВАЊЕ И ФАКТИ

МОДУЛ 3: ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ И ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗАМ

Вториот дел од обуката беше наменет за Модул 2: Застапување на истражување и факти каде учесниците имаа можност да анализираат јавни документи неопходни во процесот на застапување и креирање на јавни политики, да  изработат конкретен концепт и акциски план за водење на процес на истражување засновано на факти а во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво, да ги изберат соодветните алатки и методи за водење на истражување засновано на факти. Предавач на овој модул беше СЕРГЕЈ ЗАФИРОСКИ кој има повеќе од 11 години искуство во областа на напредна анализа на податоци проследена со креирање на стратегии и оперативни планови. Има значително бизнис искуство со управување со ресурси, буџетски активности и организација на истражувањата на пазар (креирање прашалници, примероци, план на истражување, управување со теренски истражувања). 

Последниот ден беше наменет за Модул 3: Организација на настани и интернет активизам каде што учениците имаа можност дефинираат конкретен предизвик односно аспект кои сметаат дека е најважен да се реализира во одреден рок и со ограничени ресурси а во насока на менување на јавните политики кои ќе резултираат со подобрување на поддршката на женското претприемништво во Република Македонија. По завршување на овој модул учесниците се подготвени да изработат конкретен концепт и акциски план за организирање настани во насока на застапување и креирање на политики во функција на поддржување на женското претприемништво. Воедно беа запознаени со соодветни алатки и методи за интернет активизам  и имаа можност да изработат соодветен акциски план кои ќе ги поддржат нивните дефинирани цели за застапување и градење на политики.

 

Предавач на овој модул беше АНА МИШКОВСКА е меѓународен маркетинг координатор, искусен професионалец за комуникации и маркетинг со искуство во работа на проекти поврзани со иновации, дигитални медиуми, маркетинг и комуникации за меѓународни донатори како што се Меѓународната Финансиска Корпорација, Светска банка, Светската Здравствена Организација и Регионалниот Совет за Соработка

Учество на обуките земаа претставници од граѓански организации од Македонија како и претставници од Младински совети кои своето знаење ќе го пренесат на своите соработници.

Обуките се дел од проектот Национална Платформа за Женско Претприемништво – НПЖП кој го спроведуваат Здружение на бизнис жени во партнерство со Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери.

Проектот е имплементиран од: