НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот

Министерството за економија објави ЈАВЕН ПОВИК, за финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на туристички и угостителски претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, државјани на
Република Северна Македонија, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци но не повеќе од 100.000,00 денари, по апликант направени за следните намени: 


-Набавка на опрема и алати;
-Уредување/подобрување на деловниот простор или
-Одржување на обуки за вработените за подобрување на квалитетот на услугата.


Согласно Програмата за развој на туризмот во Република Северна Македонија за 2022 година дел II, точка 6 финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот, предвидени се средства во вкупен износ од 2.000.000,00 денари.

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени
настанати во 2021 и 2022 година.

Повеќе информации на следниот линк:

https://l.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Foglasi.economy.gov.mk%2Fsubvencii%3Ffbclid%3DIwAR2ajQhIKJcsZ76Thg8s0Gk8dE_VbpYcGkC16PumkEdLO2xv1T3W7oIaBYE&h=AT0AJvQzP-zKhH5f_wWhg-YmDhCKc4o1DpiE6QjdeWnW5EEnXtQlafVrWoTYhS6a4-25pOy2yRJ90wcTXUnd1ORTCGdH5bvNiEAtnbus7F5NLwleXpYLlWj_cxPJLmgXAo8

 

Проектот е имплементиран од: