НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

“Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво”- Форум на Националната платформа во Хабот на Скопскиот плански регион

“Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво”- Форум на Националната платформа во Хабот на Скопскиот плански регион

Регионалниот форум  “Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво”  се одржа во Скопје во хотел  “Double Tree by Hilton” , во организација на Националната платформа за женско претприемништво и Викторија Митрикеска, координаторката на Хабот во Скопскиот плански регион.

Регионалниот форум се организира во рамките на Националната платформа  за женско претприемништво , која е воспоставена  преку проект кофинансиран од ЕУ, а е спроведуван од Здружение на бизнис жени  во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација  за менаџмент и индустриско истражување МИР. 
 
Форумот го отвори претседателката Валентина Дисоска која ги посочи главните насоки за воведување на дигитализацијата во секој дел од општественото живеење па оттаму и во женското претрпиемништво и напорите на Националната платформа во совладување на бројни предизвици и создавање на нови можности за жените претприемачи. Воведни излагања имаа и Орце Симов, Претседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на Стопански  комори на Македонија,  кој зборуваше за добри практики во светот од воведување на дигитализацијата  и Емилија Андонова координатор во Проектот, која на присутните кој ги имаше во голем број  како претставници на приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор им ги презентираше досегашните и планираните активности на Националната Платформа.
 
Во вториот дел имаше успешна и полна со информации и ставови Панел дискусијата на темата “Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво” а во неа учествуваа: Весна Ивановска, Директор на SEAVUS едукативен и развоен центар,  која зборуваше на темата дигитализација од аспект колку таа може да помогне да се создаде поголема родова еднаквост. Покрај тоа, дигиталната ера ќе обезбеди повеќе можности за работни места за жените, како и голема помош за жените претприемачи, истакна таа.  Анета Антова Пешева Претседател на  Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, сподели искуства за функционирањето на дигиталниот систем и посочи дека е многу важно девојките да се охрабруваат и насочуваат да се запишуваат на техничките факултети за да можат да се најдат во поголем број на ИТ пазарот на трудот.
 
Флорина Џингова Генерален менаџер и водечки инструктор во М3ДС Академија, како млада и успешна претприемалчка која ја промовира 3Д технологијата меѓу младите, посочи за огромниот потенцијал на таа сфера во креирање на новата реалност. Македонка Димитрова, Професор, претприемач и истражувач во полето на дигиталните и зелените бизнис модели во рамките на Институт за одржливост ЕКОС  Скопје,   на многу едноставен начин ја објасни пред се родовата нееднаквост која за жал сеуште е многу присутна како и “можностите“ за функционирањето на дигитализацијата во нашиот систем со препораки да се оди кон основно дигитално описменување за секојдневна комуникација и користење на поволностите од дигиталниот свет.  Ирена Ѓеорѓиевска,Раководител на одделение  за спроведување на програми во Фондот за иновации и технолошки развој , присутните ги запозна со тековните активности, конкурси и повици за доделување на средства за женско претприемништво како и напорите на Фондот за иновација за вклучување на дигиталните алатки во работењето и насоките жените да имаат предност во добивањето на грантови.  Орхидеја Ѓоргоска пак  која е Државен советник за финансиски прашања и координатор за еднакви можности и недискриминација при Министерство за информатичко општество и администрација,  посочи најнапред преку бројки позитивни активности на воведување на дигитализацијата во различни полиња од живеење со назнака дека многу е направено, се работи тековно но и многу треба да се работи во иднина. 
 

Форумот заврши со заеднички заклучоци, кои се во насока на воведување на дигитализацијата во сите општествени сфери заради олеснување на функциите на поединците како и обука и доквалификации во оваа сфера на жените претприемачи за да можат поуспешно да се вклучат во бизнис светот.  

 
Проектот е имплементиран од: