НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за политики и лидерство

Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за политики и лидерство

Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за политики и лидерство

во рамки на проект

„Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“,

кофинансиран од Европската Унија

Скопје, 20.07.2022

Инструкции за апликанти

1. ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Сојуз на Стопански комори на Македонија објавува Јавен повик за ангажирање на експерт/и  за изработка и испорачување на програма за политики и лидерство.

На повикот може да се пријават физички и правни лица или тим од неколку експерти.

Цел на проектот:

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
  • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

2. ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО

Креирањето на Национална платформа за женско претпримништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот  е  највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области

3. ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Ангажманот предвиден во овој повик е потребен заради изработка и испорачување на програма за политики и лидерство.

Работни задачи:

  • Изработка на тренинг програма за политики и лидерство која ќе биде наменета за 8те избрани амабасадорки за женско претприемништво во рамки на НПЖП (млади жени претприемачки)
  • Програмата треба да биде составена од три компоненти:
  • Вовед во процесите на јавната политика
  • Вовед во концептот на лидерство
  • Вовед во релевантни родови аспекти (вклучувајќи го и родово сензитивното буџетирање).
  • Подготовка на програмата – Месец август 2022 (17 работни дена)
  • Испорачување на програмата до 8те амбасадорки за женско претприемништво (онлајн) – Месец септември 2022
  • Вовед во процесите на јавната политика (1 работен ден)
  • Вовед во концептот на лидерство (1 работен ден)
  • Вовед во релевантни родови аспекти (вклучувајќи го и родово сензитивното буџетирање) (1 работен ден)
  • Експертот/ите треба да биде/ат во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
  • По завршување на работните задачи експертот/ите треба да достави/ат пополнети timesheets за својата работа

4. ПОТРЕБНИ КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Критериуми

Експертот/ите треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во изработка на тренинг програми
  • Најмалку 3-годишно релевантно  искуство во држење на обуки и работилници
  • Познавање од областа на женското претприемништво
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа

Временска рамка

Изработката на тренинг програмата и нејзино испорачување треба да биде релизирано во месеците август и септември 2022.

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ

Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:

Технички критериуми Бодови

Релевантно искуство 20

Релевантно образование 20

Финансиски критериуми Бодови

Цена 60

6. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните субјекти треба да достават следните документи:

  • Професионална биографија
  • Листа на референци
  • Финансика понуда

Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите докумeнти најдоцна до 27.07.2022 година на [email protected].

7. ИНФОРМАЦИИ

Повеќе информации може да бидат побарани на е-маил [email protected]

Проектот е имплементиран од: