Градоначалникот на општина КриваПалнка, Сашко Митовски ја потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. На средбата присуствуваа и претседателка на Совет на општината Изабела Павловска, претседателка на Комисија за еднакви можности Александра Јовановиќ, членка на Совет на општината Ленче Илиевска и локалниот координатор на Североисточен плански регион во рамки на Национална платформа за женско претприемништво Дивна Јанкова.
Беше разговарано за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, посочени позитивни искуства во општината а беа истакнати и можности за идна соработка. На територија на општината има многу културно-историски знаменитости кои би можеле да се оживеат преку етно туризам: Мaнастирот Св.Јоаким Осоговски, живописна природа и местоположбата на општината. Близината на граница со Бугарија, добрата инфраструктура која се повеќе се модернизира, близина до 100км. на два аеродроми со можност да доаѓаат странски туристи. Градоначалникот и присутните ја покажаа својата заложба и важноста дека преку преку активности на платформата ќе се даде голем придонес за развој на женско претприемништво.