НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Повик до компании за учество во Проект за целосно усогласување со Законот за заштита на личните податоци, финансиски подржан од Европската банка за обнова и развој

Повик до компании за учество во Проект за целосно усогласување со Законот за заштита на личните податоци, финансиски подржан од Европската банка за обнова и развој

Доколку сакате да бидете дел од овој значаен Проект за иплементирање на Законот за заштита на лични податоци во секојдневната работа на вашата компанија со што ќе добивате поголеми бенефити, можете да се пријавите на контакт меил адресата на Здружението на бизнис жени [email protected]партнер во спроведување на овој Проект. 

 

Кој се може да се пријави да стане дел од Проектот?

 

  • Мали и средни претпријатија без странски капитал;
  • Жена или физичко лице на возраст до 35 години во компанијата да е управител во компанијата или содружник со повеќе од 50% сопственост
  • имаат развиен продукт/услуги и остваруваат приходи – нема критериум за минимална големина на приходи;
  • не се во загуба
  • имаат капацитет за раст (да имаат бизнис стратегија или план за развој преку зголемување на портфолио, пазарна експанзија или сл.)
  • компаниии кои веќе започнале со активности на усогласување со прописите за заштита на личните податоци или се сосема на почеток на овој процес.
  •  

Ако станете дел од Проектот вие добивате: 

 

  • Поддршка од тим на искусни надворешни правни и ИТ експерти на Адвокатската канцеларија Папазоски и Мишев со специјализирано знаење во областа на заштита на личните податоци
  • Високо квалитетна услуга со многу поволна финансиска поддршка од страна на Европската Банка за Обнова и Развој
  • сертификат со кој компанијата демонстрира дека поминала низ процесот на имплементација
  • поголема доверба од страна на вашите клиенти да ги обработувате нивните податоци без опасност истите да бидат злоупотребени и претрпат штета
  • подобра соработка со вашите деловни партнери, особено ако компанијата нуди и производи и услуги на пазарот на ЕУ
  • поголема конкуретност на пазарот, подобра репутација и раст на компанијата
  • намален ризик од високи казни кој може да биде од 2% до 4% од вкупниот годишен приход.

 

Од Проектот се очекуваат позитивни  резултати, пред се:

 

  • Проверка на усогласеноста со прописите за заштита на лични податоци (Подготовка на ГАП анализа и препораки за отстранување на утврдените недостатоци)
  • Подготовка на целокупата потребната документација и мерки за целосно усогласување со Законот за заштита на личните податоци
  • Подготовка на секторски водич за заштита на лични податоци со добри практики специјализиран на условите и ризиците во секторот
  • Заедничка работилница и обука
  •  

Како консултант на овој Проект е  Адвокатската канцеларија Папазоски и Мишев на PwC, заради многу успешно реализирани проекти, пред се:

  • Успешно спроведен проект заедно со Европската банка за обнова и развој за три фирми (Промедика, FitKit, Pixyle) во 2021/2022 година
  • Успешно спроведени проекти со реномирани компани на пазарот ( EVN, Зегин, Uniqa, Ramstore, Credissimo и други.)
  • Повеќе инфо на следниот линк : http://www.papazoski-mishev.mk/en/

 

Делови од Законот за заштита на лични податоци кои се најважни за компанијата можете да ги видите во следниот линк: https://abw.mk:2096/cpsess6269326279/3rdparty/roundcube/?_task=mail&_action=get&_mbox=INBOX&_uid=1476&_token=XTQqRVSIGhX5LJby78xYmeEBBXuyCT35&_part=3

 

На следниот пак линк можете да го погледнете целиот Закон за заштита на лични податоци кој беше донесен на 16.02.2020 година.

https://dzlp.mk/sites/default/files/u4/zakon_za_zastita_na_licnite_podatoci.pdf

 

 

Проектот е имплементиран од: