“ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ: КАКО ДА СЕ ПРЕМОСТИ РОДОВИОТ ЈАЗ “ е документот што како резултат на работата на Секторската група на Националната платформа за женско претприемништво , го изработи како Документ за јавни политики проф. Ристе Темјановски.
Документот проф Темјановски ќе го претстави на вториот ден од Самитот за женско претприемништво, 2022 (18.11) ,насловен како “Инспиративна иднина“ , со што ќе укаже на потребата за промовирање и зајакнување на дигиталните капацитети кај жените претприемачи, која природно резултира од актуелноста на прашањето за родова (не) еднаквост и сеприсутноста на овој феномен во сите сфери на општественото делување на национално, регионално и глобално ниво.
“Затоа согледувајќи дека жените претприемачи имаат насушна потреба од примена на пософистицирани алатки во работата и дигитализација на бизнис процесите треба целосно да се зајакне местото на жената во современиот свет на дигитализацијата. Дигитализацијата е еден од трите фундаментални процеси кои поттикнуваат промени во економската, социо-политичката и културната сфера. Заедно со глобализацијата и демографските промени, дигитализацијата се смета за клучен ресурс и поттикнувач во сите прогресивни текови на цивилизациската трансформација„-вели во почетното Извршно резиме авторот.
Целиот документ може да го погледнете на следниот линк :