НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2022- “Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво”

САМИТ 2022- “Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво”

На првиот ден од Самитот “Инспиративна индина“ , што ќе се одржи на 17 и 18 ноември во Скопје, во Панел дискусијата  “Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво” ќе учествуваат гости од странство. Панелисти ќе бидат:

Г-ѓа Аида Зубчевиќ – Претседател на Здружение на бизнис жени од Босна и Херцеговина и сопственик на Фаведа д.о.о .Таа е Магистер по фармација по професија. Основач и сопственик на Фаведата
компанија од 1993 година која  се занимава со производство на хербални додатоци и природна козметика. Од 2013 година, еден од основачите и претседател на Здружението на деловни жени во Босна и Херцеговина. Добитник на Светската награда Оксфам за економско зајакнување на жените во 2017, Западен Балкан Жени претприемачи на 2021 година.

Г-ѓа Љубица Костиќ Букарица –  Претседател на Здружение на бизнис жени од Црна Гора и сопственик на Маскоде д.о.о. Taa има повеќе од 20 години искуство во маркетинг, огласување и односи со јавноста. Сопственик е на агенцијата М.А.С. CODE Ltd во Подгорица, Црна Гора. Спроведе многу интегрирани маркетинг кампањи за комерцијални клиенти, Влада, меѓународни (UNDP, GIZ, ReSPA, WYG International) и непрофитни организации. Во последните години таа беше ангажирана во кампањи од општествено значење (Биди одговорен. Сива економија 0%, СОС линија за жртви на семејно насилство, кампања за борба против корупцијата, кампања за антидискриминација итн.) и бројни проекти финансирани од ЕУ како маркетинг, односи со јавноста. Љубица има големо искуство во изготвување стратегии за комуникација, медиуми и реклами.

Г-ѓа Ianina Cozari – journalist, Press Club Brussels, е третиот учесник во Панел дискусијата. Таа е професионален новинар, по потекло од Република Молдавија, кој живее во Белгија.
Уредник на уметничко-културниот белгиски сајт www.cozaripress.com
ПР-менаџер на театарот Антверприза“ (Антверпен) www.antwerpriza.be
Член на прес-клубот Брисел www.pressclub.be
Основач на „MediArt dialog“ (Молдавија – Културно здружение на Европската Унија).
Тренер на „Напредна школа за новинарство“ (Кишињев, Молдавија). 

На Панел дискусијата с еочекува да учествува и Berrn Kuleli – (Vice President of KAGİDER – Women enterprenership association of TURKEY and founder of Piramit  Danismanlik), потретседател на Туската Асоцијација за бизнис жени.

  •  
Проектот е имплементиран од: