НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

АВРМ КУМАНОВО – ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦEЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

АВРМ КУМАНОВО – ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦEЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Вчера, во просториите на Центар за вработување Куманово при АВРСМ, со почеток во , се одржа средба помеѓу  раководителката на Центарот за вработување Куманово Марија Димитриевска како и Љумније Зеќири одговорна за активни мерки, Марина Крстевска тријажер-педагог кариерен советник, Наташа Наковска Величковска виш соработник за активни мерки–практиканство со локална координаторка на Североисточниот плански регион  на Националната платформа за женско претприемништво Дивна Јанкова.

На средбата беше презентирана Националната платформа за женско претприемништво, како и понатамошните можности за соработка со платформата по што раководителката Марија Димитриевска ја потпиша Декларацијата за развој и подршка на женското претприемништво и заедно со присутните од Центарот за вработување ја поздравија идејата за соработка и дадоа максимална поддршка за Националната платформа за женско претприемништво.

Се разговараше за конкретни чекори кон подобрување на условите и поголем економски развој и сигурност на жените преку креирање на инфраструктура за женско претприемништво и негова поддршка и развој. На средбата разговаравме за положбата на жените од општина Куманово како и за потенцијални можности за жените претприемачки нивно подтикнување за користење на можности кои ги нуди АВРСМ.  Како доказ за заложбата на вработените се наведените податоци: во сите активни мерки е да во 2020 год. 52% корисници биле жени, во 2021 тој број е зголемен на 54,2%, за да во 2022г. е  53,8%, додека во самовработување преку практиканство во 2021год. жените биле застапени со 39,6% а во 2022год со 37,7%.

Во Центарот за вработување Куманово кој постои од 1952 год. има 32 вработени од кои 20 се жени и во идниот период ќе продолжи да врши поттикнување и поддршка на жените за активно вклучување на сите можности кои се нудат.

Проектот е имплементиран од: