НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Образец за бизнис планирање за старт-ап компании

Образец за бизнис планирање за старт-ап компании

Креирањето солиден бизнис план е важен чекор за секој претприемач или бизнис кој сака да ги воспостави или прошири своите деловни операции.

Планот дава јасна насока за тековната остојба на пазарот и каде бизнисот треба да се движи, за да обезбеди конкурентска предност.

 

Комплетниот образец за бизнис планирање преземете го на следниот линк

 

Планот е составен од повеќе различни делови кои треба да бидат разработени, а чија основа се наоѓа во детално истражување на пазарот. Планот треба да се користи како алатка за да го водите Вашето одлучување и да останете на вистинскиот пат, а притоа се пропрачува, по потреба слободно да се прават одредени прилагодувања со тек на време.

 

Деловите кои треба да ги содржи еден основен бизнис план се:

  1. Насловна страна
  2. Извршно резиме
  3. Опис на бизнисот и компанијата
  4. Анализа на пазарот
  5. Операции и управување
  6. Маркетинг и продажба
  7. Финансиски проекции
  8. Временска рамка на имплементација
  9. Идентификување на ризици и непредвидени ситуации
  10. Прилози

 

Планот, иако треба да биде сеопфатен, исто така треба да биде лесен за читање и разбирање. Користете јасен, едноставен јазик и вклучете визуелни помагала, како табели и дијаграми.

Еднакво важно е и редовното ажирурање, согласно промените во деловното опкружување, за да бидете сигурни дека тој сè уште ги одразува Вашите цели и стратегии.

Овој образец овозможува насока за клучните елементи што треба да ги содржи бизнис планот и што е потребно да се објасни и истакне за да имате успешен Бизнис план.

Образецот е изработен од страна на Националната платформа за женско претприемниптво, со цел да им помогне на потенцијалните жени претпримачи полесно да го совладаат изготвувањето на Бизнис план, за почеток на сопствен бизнис.

 

Комплетниот образец за бизнис планирање преземете го на следниот линк

Проектот е имплементиран од: