Инвестирањето во жени претприемачи и поддршка на нивните бизниси е клучно за зелена иднина. Имено, потребно е креаторите на јавни политики и стратешки планови да создадат услови можностите за зелена транзиција бидат отворени за сите, со цел да се стимулираат општествата да направат промени бидејќи позелена иднина може да се постигне само ако е и порамноправна.
Жените се клучни економски чинители. Како деловни лидери, инвеститори, вработени и клиенти, тие играат витална улога во обликувањето на начинот на кој пазарите и општествата се однесуваат. Истражувањата покажуваат дека компаниите со поголема родова разновидност во нивното управување ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид за околу 5% повеќе од компаниите со претежно машки менаџери. Банките со повеќе жени во нивните одбори имаат тенденција да насочуваат поголем дел од финансиите кон одржливи инвестиции.