НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Дводневна обука на тема: „Пристојна работа за жени работнички“ во Битола

Дводневна обука на тема: „Пристојна работа за жени работнички“ во Битола

Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Здружението на бизнис жени  и Фондација за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и се организира дводневна обука на тема: ”Пристојна работа за жени работнички” во Битола, на 28 и 29 март 2024 година во хотел Милениум  во Битола.

Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.

На обуката ќе се говори за актуелни теми од областите: Tрудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество.

Обуката ќе ја води M-р Софија Волческа, асистент на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” заедно со   гостин предавач е Проф. Д-р. Лазар Јовевски професор на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

На обуката ќе има и гости презентери: претставници на синдикат – КСС, Претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација / Народен правобранител, Комисијата за еднакви можности.

Пријавувњето за обуката е на следниот контакт: [email protected]

Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст.

Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување

Проектот е имплементиран од: