НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Поттикнување на успешни бизнис приказни кај млади жени!

Поттикнување на успешни бизнис приказни кај млади жени!

Проектот  „НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ ,  со фокус е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст , а содржински е повеќеслоен проект,  кој опфаќа неколку  општествени сегменти, пред се, активни женски претприемачи , поттикнување на развој на женско претприемништво и со едукација, поттик на младата женска популација кон преземање на предизвиците што ги нуди претприемништвото во сите економски делови.

Еден од  фокусот на проектот е и обезбедување на модели и инспирација за жени кои би станале претприемачи.  Проектот „ Национална платформа за женско претприемништво, содржински ќе биде насочен кон опфаќање на поголем број млади жени  ,кои својата иднина не ја гледаат во администрацијата или домаќинството,  туку напротив ќе ја преземат креативноста и предизвикот во свои раце за претприемништво, во сегмент кој одговара на нивните афинитети.

Во текот на годините, речиси секој од нас барем еднаш посакал да отпочне свој бизнис и да се ослободи од сета креативност што ја носи во себе. Во тие намери, неретко се случило да бидат спречени од недостаток на финансии, неразработен бизнис план, непогодна локација, но најмногу од се, недостаток на храброст! Во проектот ќе се работи на начините како да се борите со предизвиците, без премногу да размислувате, и да им се  спротивставите  на сите стереотипи, со цел младите жени да се остварат во претприемништвото и во она што вистински сакаат да го работат.

 

Во рамки на Проектот ќе бидат избрани осум млади жени претприемачи и ќе бидат насочени кон амбасадорство, обезбедувајќи им можност  подобро да ја разберат и подготват својата улога на амбасадори. Тие во понатамошниот тек ќе ги анимираат и насочуваат младите жени за да влезат во светот на претприемаштвото, со тоа што тековно и со овој  проект , фокусот ќе е насочен кон  основната  цел на НПЖП кој е  главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси и преку соработка со институции, приватен сектор, меѓународни партнери , да го унапреди женското претприемништво, да се отвори пристап на глобалниот пазар и да воспостави еднакви услови за поддршка на компаниите водени или управувани од жени.

 

Проектот е имплементиран од: