Кога како предизвик ќе стои пред вас желбата или потребата за отварање на своја компанија, . сопствен бизнис, а треба да почнете од почеток т.e.. од нула, имате неколку главни нешта што треба да ги направите во вашата т.н. Стартап компанија. Стартап, е компанија која е во првата фаза од своето деловно работење. .Овие компании често на почетокот се финансираат од своите претприемачки и основачи, кои се трудат да стекнат капитал со развиените продукти или услуги за кои тие веруваат дека постои побарувачка
Поради лимитираните приходи или високите трошоци, повеќето од овие микрооперации се краткорочни и несоодветни за долгорочно работење, без дополнително финансирање од надворешни финансиери.
Предуслови за почеток на Стартап компанија
Локација
Стартапите мора да одлучат каде ќе се одвива нивниот бизнис – дали ќе биде на интернет, во канцеларија/домашна канцеларија или во продавница. Сето ова зависи од типот на продуктот или услугата која се нуди. На пример, технолошки стартап којшто продава хардвер за виртуелна реалност треба да има продавница во која ќе им овозможи на своите потенцијални купувачи да ја видат и да ја испробаат технологијата и нејзините карактеристики.
Разбирање на зборот стартап
На крајот од 90-тите години на 20 век најчестиот вид на стартап бил интернет бизнисот, т.н. com, Во тоа време било многу лесно да се обезбеди инвестициски капитал, бидејќи имало голема фама помеѓу инвеститорите кои шпекулирале со потенцијалите на овие нови типови на бизниси.
За жал, повеќето од овие интернет стартапи пропаднале поради основни пропусти во нивните бизнис-планови како што е, на пример, недостаток на одржливи приходи. Секако, постојат и голем број од оние кои ја преживеаја стартап фазата кога експлодира .com балонот. Интернет библиотеката Amazon.com и интернет аукцискиот портал eBay се примери за такви компании. Подоцна од нив се појавија и брендови како Facebook, Airbnb, Uber, SapceX и други.
Стартапите треба да инвестираат време и пари во истражување. Пазарното истражување помага да се утврди побарувачката на одреден продукт или на одредена услуга. Стартапот бара детален бизнис-план кој ќе се води во согласност со мисијата и визијата на бизнисот како и со квалификуван менаџмент и добра маркетинг стратегија.
Правна структура
Стартапите мора да ја имаат предвид својата правна структура, односно да ја најдат структурата која најдобро одговара за нивниот субјект. Трговец поединец или ДООЕЛ е идеално за основачи, што е клучниот работник/мозок во бизнисот. Партнерствата, односно ДОО се правни структури за бизниси кои имаат неколку страни со заедничка сопственост. Многу е важно кај стартапите да се внимава на личната одговорност и затоа формата ДООЕЛ (друштво со ограничена одговорност на едно лице) каде што основачот одговара само со вредноста на својот основачки влог е поактуелна од ТП (трговец поединец) каде што сопственикот одговара со целиот свој личен имот.
Финансирање
Најновиот начин на финансирање на стартапите е групно финансирање (Crowdfunding) што им овозможува на лицата кои веруваат во одреден стартап да придонесат со пари преку соодветни Crowdfunding платформи. Стартапите обично собираат пари од инвеститори или venture капиталисти кои, всушност, се група на професионални инвеститори кои се специјализираат за финансирање на стартапи. Силиконската Долина во Калифорнија е позната по своето venture капиталистичко општество и затоа е многу популарно место за стартапи од целиот свет, но исто така е и најконкурентното место со најстроги правила.
Стартапите може да користат мали банкарски кредити за да започнат со работа. Банките обично имаат понуда за мали бизниси кои се во форма на микрокредити, краткорочни и дизајнирани конкретно за новите бизниси. Во зависност од банката, барањата се различни, но важно е да се има детален бизнис-план. Многу е важна и кредитоспособноста на основачите која може многу да влијае врз тоа колкав кредит ќе одобри банката за стартапот.