НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ВО ФОКУСОТ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ВО ФОКУСОТ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

19 ноември е Светски ден на женското претприемништво – Women’s Entrepreneurship Day (WED), и тоа е ден кога жените претприемачки се промовираат и се разговара за нивните предизвици, можности и успеси. Ова е ден на женско претприемништво во светот  од 2014 година и е промовиран во ОН во Њујорк.  Како свој ден го имаат профатено 144 земји кои имаат Национални програми и воспоставени награди за женското претприемништво.  

 

Не е на одмет да се знае дека жените се мнозинство од населението во светот, но не се доволно застапени во пристапот до можностите (од преземање на бизнис потфат до управување, од вработување до политички ангажман). Малцинскиот статус на жените во економијата е различен, во зависност од секторите, но и од работните задачи.  Жените поретко од мажите преземаат бизнис потфати, а уште помалку жени преземаат технолошки интензивни деловни потфати.

Малцинскиот статус на жените е најизразен во областа на управувачките работи: колку е нивото на управување повисоко, толку помалку има жени. Причините за ваквата родова нерамнотежа во остварувањето на основните права значително е одредена не само со културолошкото наследство, но и со начинот на организација на семејниот живот кој пак е условен со достапната понуда на одредени услуги во сферата на грижа за деца и грижа за стари лица. Поради тоа, зајакнувањето на женското претприемништво не може да се оствари без  поврзани политики, програми и иницијативи за промена на рамките на општествениот систем на вредности, како и на институционалната инфраструктура која ја поддржува родовата избалансираност во секојдневните обврски во рамките на семејството, особено во поглед на децата и постарите лица.

Токму затоа насочувањето на вниманието на женското претприемништво, се повеќе е важен дел на економскиот живот со освојување и обезбедување на нови можности .

Затоа НПЖП – Националната платформа за женско претприемништво својот Самит за 2021 година ќе го одржи токму на 18 и 19 ноември, одбележувајќи го  Светскиот  ден на женско претприемништво и приклучувајжи се кон политиките за негов развој на светско и национално ниво.

Проектот воспоставување на Национална платформа за женско претприемништво во Македонија , во организација на Здружениеот на бизнис жени, Фондацијата МИР, Здружението на стопански комори на Македонија и Националната федерација на фармери со подршка на ЕУ е одличен инпут во остварување на целите и  обезбедување на можностите за женско претприемништво.

Проектот е имплементиран од: