НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

НПЖП –Инфо за секторски групи

НПЖП –Инфо за секторски групи

Креирањето на Националната платформа на женско преприемништво, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женско претприемништва на локално и национално ниво, со цел економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените во руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зго0лемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

Проектот НПЖП е кофинансиран од Делегацијата на ЕУ во нашата земја.

Во рамки на Проектот, кој ќе трае 36 месеци-(3 години ) предвидени се бројни активности, разни форми и настани кои треба да создадат здрава основа за понатамошно полесно имплементирање на женското претприемништво кај нас

Покрај Тематските групи,во Проектот ќе работат и Секторски групи . Тие ќе се најмалку 3

(три) , кои ќе бидат функционални во рамките на НПЖП, составени од нејзините членови а решавајќи ги предизвиците на политиките во приоритетните сектори преку организирање на посветени активности за консултации, како што се: состаноци на засегнатите страни, креирање и дистрибуција на документи за јавна политика и следење на спроведувањето на политиката во сродните деловни сектори.

Секоја секторска група ќе има по еден годишен состанок , т.е. ќе бидат организирани најмалку 3 (три) состаноци , на членовите на групите со учество во секоја група по 20-25 експерти. Во рамки на нивните активности ќе се вклучени и креирање. и печатење на 3 (три) документи од јавната политика.

Проектот е имплементиран од: