НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Барање за прибирање на понуди за креирање и одржување на мобилна апликација (WE Assistant)

Барање за прибирање на понуди за креирање и одржување на мобилна апликација (WE Assistant)

„Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“,

кофинансиран од Европската Унија

Скопје, 20.08.2021

Инструкции за понудувачи

1. ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, Ви доставува Барање за прибирање на понуди за креирање и одржување на мобилна апликација (WE Assistant) во рамки на проект.

Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управата за јавни приходи без ДДВ, заради исплата на средства од грант на Европската Унија.

Цел на проектот:

 Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
  • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

Цел на мобилната апликација Креирање на апликација за мобилни услуги WE Assistant, со информации и услуги за целните групи, особено погодни за опфаќање и помагање на жени во оддалечени области.

2. ОПИС НА ПОТРЕБНИТЕ УСЛУГИ

Понудувачот, во понудата, треба да обезбеди:

  • Мобилна апликација за ANDROID и IOS
  • Создавање скелет (wireframe) и детален опис на одликите на апликацијата и корисничкиот интерфејс, вклучително и интерфејс за прикажување на податоците за донаторот и проектот, опремени информации и друга мултимедија (видео, аудио, слики, текст, итн.);
  • Скелет и дизајн на апликацијата доставени за преглед и одобрување до тимот на Здружение на бизнис жени, а потоа ажурирање врз основа на повратните информации;
  • Да е поврзана со веб портал
  • Апликацијата да е на Македонски јазик
  • Обука и презентација на апликацијата пред тимот
  • Тестирање и поправање на квалитет, безбедност и изведба;
  • Следење на перформанси на апликацијата по нејзино објавување, анализа, собирање повратни информации репер, редизајн и управување со животниот циклус на мобилната апликација во период 2021 – 2023 година
  • Секој корисник ќе треба да ги обезбеди следниве информации:  Корисничко име (не е потребно внесување на вистинско име); Е-пошта или линк со профил на Фејсбук; Опционални податоци: возраст, пол
  • Во апликацијата потребно е да биде вградено поврзување со Google Analytics, со што ќе се овозможи преглед на статистики поврзани со посетеноста на апликацијата
  • Да се креира пристап до категоризирани ресурси (публикации, мултимедијални записи, графички материјали и сл.) со лесна навигација и пребарување
  • Кратко инфо за апликацијата
  • Кратко инфо за проектот со линк до веб платформата
  • Календар со настани на проектот
  • Нотификација во вид на pop up на 7 и 2 дена пред настан
  • Новости – линкување со сајтови од кои ке се собираат потребни информации и новости (на пример министерство за економија, Министерство за земјоделие и животна средина, ФИТР и слично)
  • Видео подкасти – линкови до сајтот или до youtube channel со нотификација за секое ново видео
  • Радио – линк до онлајн радиото како и нотификација за секоја нова содржина
  • Амбасадори – профил на секоја амбасадорка (8 плански региони по една амбасадорка) со контакт до амбасадорките, можност да се стапи во контакт со амбасадорките (chat или некоја друга опција)
  • ХАБ центри – профил на секоја координаторка (8 плански региони по една координаторка) со контакт до координаторките, можност да се стапи во контакт со координаторките (chat или некоја друга опција)
  • Градење на капацитети – линк до веб платформата за превземање на материјалите за едукација
  • Младински лидершип офицер – контакт за младински офицер, (chat или некоја друга опција)

Временска рамка

Креирањето на апликацијата да биде завршено 60 дена по потпишувањето на договорот меѓу договорните страни.

3. ЦЕНА

Предложените цени за побараните производи / услуги треба да се фиксни, без вклучен ДДВ и изразени во денари.

4. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ

Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:

Технички критериуми Бодови

Предложени услуги 30

Финансиски критериуми Бодови

Цена 70

5. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните субјекти треба да достават скенирани понуди со технички и финансиски предлог на е-маил [email protected]  најдоцна до 11. 09.2021 година.

6. ИНФОРМАЦИИ

Повеќе информации може да бидат побарани на на е-маил [email protected]

Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за набавка со прибирање на понуди ќе бидат електронски  известени за приемот на понудите и одговорот за нивната евалуација, по донесување на одлуката за доделување на договорот за набавката.

Условите и начинот на плаќање ќе бидат регулирани со потпишувањето на договорот за испорака на услугите предвидени со ова Барање. Добавувачот гарантира дека целокупниот материјал на апликацијата нема да се користи за други намени, освен за оние на проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“.

 

Проектот е имплементиран од: