НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Земјоделците да не трошат вода повеќе од потребното – Сузана Димитриевска, производителка на органска храна

Земјоделците да не трошат вода повеќе од потребното – Сузана Димитриевска, производителка на органска храна

Земјоделците да не трошат вода повеќе од потребното – Сузана Димитриевска, производителка на органска храна

 

Сузана Димитриевска од овчеполското село Мустафино произведува органска храна повеќе од 15 години. Со руралниот бизнис почнала така што самата се информирала и едуцирала од разни списанија за органско производство. Но најмногу ѝ помогнало списанието „Мила“, од кое ги добила првите информации и кое ја мотивирало да почне со комерцијално производство на органска храна. Така, од 2005-та година се вклучила во поголемо производство на повеќе и различни култури – од житарици и сточна храна, грозје и кајсии, до маџун и грав. И покрај многуте предизвици, Сузана е упорна и постојано го зголемува и усовршува производството. А основен ресурс за нејзината дејност е токму водата, па со неа разговаравме како соодветно да се користат и штитат водните ресурси.

Здружение на бизнис жени: Како  се заштитуваат и користат водите кога фокусот на работата е производство на органска храна, и тоа на повеќе култури, од кои секоја има свои специфики?

Сузана Димитриевска: Од аспект на земјоделството, со сите промени во последно време, а особено во пандемиската криза, не можат да дојдат до израз и да се истакнат темите поврзани со водата, пред сѐ, но и ветерот и сонцето како природни ресурси, кои директно влијаат на земјоделството и развојот на земјоделските култури. Тука водата го има приматот, затоа што треба да ја третираме од два аспекти, од една страна да внимаваме на нејзината чистота, а од друга страна, треба да размислиме како да ја сочуваме водата.

Здружение на бизнис жени: Велите дека е неопходна едукација на земјоделците за наводнувањето на различни култури, што е особено важно за производството.

 Сузана Димитриевска: Токму така. Јас постојано внимавам на таа потреба. Многу е важно за производството на секоја култура затоа што секоја е специфична на свој начин по однос на потребите од вода. Треба да се вршат обуки со земјоделските производители за тоа колкава количина вода е потребна и со која динамика и на кој начин да го вршат наводнувањето. Затоа што, на пример, ако не знаете со колкава количина да наводните, лесно може со водата да ги измиете хранливите состојки, што воопшто не е добро за одредената култура.

 

Здружение на бизнис жени: Дали земјоделците ја штедат водата и како производителите на органска храна ја штитат водата од долготрајни загадувања?

 Сузана Димитриевска: Не можам да кажам за сите, но во принцип земјоделците водат сметка за количините за водата. Има периоди кога има големи суши и кога мора да се наводнува, а ние во Овче Поле ги користиме ресурсите на Калиманци, кои тогаш се потребни во големи количини.

Би зборувала и за предлогот во новите измени на Законот за вода од оваа година, земјоделците да ја плаќаат потрошената вода. И тука има две страни. Сметам дека земјоделците ќе ја плаќаат водата бидејќи им е неопходна, но со тоа ќе дојде до зголемување на цената на производите, што повторно доведува до нова замка. Колку и дали е тоа воопшто можно? Треба да се направи подготовка на тој систем на плаќање на водата.

Треба едукација и за користење на пестициди за да не се загадуваат целосно и почвата и водата. Со тоа што јас како производител на органска храна користам средства за заштита и прихрана кои не ја загадуваат почвата, создавам услови да се намали и загадувањето на водите, чија загаденост, пак, оди директно во почвата. Имено, пестицидите преку наводнувањето одат во почвата и понираат длабоко, а оттаму се слеваат во подземните води и се враќаат како воден ресурс. Всушност, за тој круг во производството на здрава храна немаме ниту некоја студија, ниту патоказ за да знаеме колку и како се загадува водата.

Проектот е имплементиран од: