“ЖЕНИ ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ-ПРЕТПРИЕМНИШТВО“- ТЕМА НА СОСТАНОКОТ НА СЕКТОРСКАТА ГРУПА НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Денеска, Секторската група која се формира во рамки на Националната платформа за женско претприемништво одржа конструктивен состанок на тема „Жени во руралните средини-претприемништво.
На состанокот учествуваа претставници на четирите здруженија основачи на Платформата: Здружението на бизнис жени, Нацонална федерација на фармери, Здружение на стопански комори на Македонија и Фондацијата МИР; Валентина Дисоска, Даниела Антоновска, Мими Шушлеска-Петкова и Емилија Андонова , како и членовите на Секторската група: Павлина Јовановска од Советодавен центар за земјоделство и рурален развој;Василка Стефановска од Slow food; Љупка Трајановска од Центар за истражување и креирање политики; Катарина Георгиевска -сопственичка и менаџерка на рурално претријатија во областа на рурален туризам и консултант; Сирма Илијоска Трифуноска и Викторија Митриќеска, од Скопски плански регион, Руменка Димовска , претприемачка од Арвати, Фросина Георгиевска, претприемачка од Ресен; Даниела Цветаноска од ЛАГ агро лидер од Прилеп, Васка Мојсовска, сопственичка на Агро-Калем-Тимјаник и претседател на НФФ , Гоце Георгиевски – координатор на работна група за родова еднаквост во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Александар Целески -менаџмент консултант кој како експерт треба да го подготвни и конечниот документ за политики во развојот на положбата на жените во руралните средини и надминување на сегашните предизвици и проблеми.
На состанокот беше присутен и Гоце Георгиевски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воедно координатор на комисијата за родова еднаквост, кој ги потенцираше потребите од надминување, законски и инстутиционално но и во практика на сите проблеми врзани за статустот и функционирањето на жените во руралните средини. „Треба веќе еднаш да се надминат сите замки и проблеми кои ја отежнуваат положбата на жените во руралните средини, а за тоа се потребни повеќе активности но и надминување на конкретните законски и институционалчни замки„-истакна тој.
Инаку плодната дискусија беше во насока на актуелните заложби на Националната платформа за женско претпримеништво, кој ги образложи претседателката на Платформата Валентина Дисоска а Васка Мојсовска и Билјана Петровска-Митревска од Националната федерација на фармери, ги посочија сите актуелни проблеми на жените земјоделки и напори пред се законски да се надминат а потоа и во пракса. „Сеуште постојат дискриминаторски мерки за жените од руралот, кои се ангажирани и по 11 часа дневно,кој плус имаат многу обврски во семејството, но потребна е нивна едукација за управување во стопанството на жените, како и јакнење на нивната самодоверба. Постои голем проблем во однос на сопственоста кај жените ,што го потврдува фактот дека само 5% од жените во руралот се сопственици на свој имот.-образложија врз основа на анализите кои се правени во поседниов период.
На состанокот членовите на Секторската група донесоа и конструктивни
Заклучоци:
- Подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, економските мерки за претприемништво, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој;
- Формирање на гарантен фонд и овозможување на поволни кредити за жените од руралните средини преку комерцијалните банки и Македонската банка за развој
- Вклучување на родовата перспектива во креирање на мерки, политики и стратегии кои се однесуваат на земјоделството и руралниот развој
- Разгледување на механизми од страна на државата која ќе помогне во згоемување на бројот на жени сопственички на земјоделски имот.
- Социјалното претприемништво, задругите модели за поголемо вклучување на жените во претприемништвото во руралните средини.
- Подобрување на инфраструктурата и социјалните услуги во насока на подобрување на економската и социјална положба на државата.
- Поголемо вклучување на жените од руралните средини во донесувањето на одлуки на локално ниво и нивна поголема вклученост во управувачките функции на општината.
- Развивање на модели од страна на невладиниот сектор, општините во насока на економско јакнење и обединување на жените од руралните средини.
- Организирање на обуки за претприемништво и споделување на успешни приказни на жени од руралните средини
- Потикнување на мерките за социјална помош со механизми кои ќе го поттикнуваат платениот работен ангажман на жените, наспроти спречување.
- Промена на легислатива за законски наследници и поделба на имот.
- Институциите, како што се МЕ, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, МЗШВ и Државниот Завод за статистика да креираат систем на статистични податоци за користењето на финансиски средства на руралните жени од државните програми и ЕУ фондови, реално прикажување на бројките на рурални жени кои се претприемачки, сопственици на земјиште и имот, податоци кои ја отсликуваат реалната состојба на жената во руралните средини и нејзините предизвици од социјален и економски аспект.
Исто така беше заклучено дека е потребно, подсекторската група за руралните жени и претприемништвото да се состанува минимум еднаш годишно, каде што невладиниот сектор заедно со институциите ќе имаат можност да разговаарат и да ги споделуваат своите искуства во делот на решавање на проблемите и справување со предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини.