НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Самит 2021- Б2Б состаноци за сите заинтересирани претприемачки, во живо

Самит 2021- Б2Б состаноци за сите заинтересирани претприемачки, во живо

Националната платформа за женско претприемништво, ги повикува сите заинтересирани жени од бизнис секторот да бидат дел од Б2Б средбите, кој ќе се одржат на 18 ноември во хотел Александар Палас од 14 часот до 15 и 30 часот. 

 

За да се учествува на Б2Б средбите, заинтересираните претприемачки треба да се пријават на онлајн алатката  за организација на Б2Б средби,  на следниот линк, https://web2bsummit.talkb2b.net/ , каде ке можат да го постават својот  бизнис профил  и воедно  да ги видат останатите пријавени за Б2Б средбите и да  закажат состанок со истите. 

 

Закажаните состаноци ќе се одвиваат во живо за време на Самитот, на 18.11.2021 (четврток) од 14 до 15 и 30 часот во хотел Александар Палас во Скопје. 

 

Годишниот Самит 2021, ќе се одржи  во рамки на проектот„Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, на 18 и 19 ноември во хотел Александар Палас со почеток во 9 и 30 часот.

 

На Самитот 2021 „Нови перспективи за женско претприемништво„ се очекува да земат присуство повеќе од 100 учесници од целата држава и гости од странство и ќе биде обезбеден превод  на англиски јазик.

 

Исто така ќе се одржат и работилници на теми околу најважниот дел за развојот на женското претприемништво – пристап до финансии.

 

Пријавувањето за учество на самитот се  уште трае. Затоа пријавете се на следниот линк: Пријава за учество на настан ,, Нови перспективи за женско претприемништво- Прв годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво или на маил адресата: [email protected]

 

АГЕНДА НА САМИТОТ 

 

 

Проектот е имплементиран од: