САМИТ 2021 – Долгогодишната работа и соработка, јасната визија и цел, доведоа до создавање на Националната платформа за женско претприемништво
Проектот – Национална платформа за женско претприемништво во Македонија, во организација на Здружениетo на бизнис жени, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија и Националната федерација на фармери а со подршка на ЕУ, е одличен инпут во остварување на целите и обезбедување на можностите за женското претприемништво кај нас.
Насочувањето на вниманието на женското претприемништво се повеќе е важен дел за економскиот живот, со освојување и обезбедување на нови можности. Затоа НПЖП – Националната платформа за женско претприемништво, Самитот за 2021 година ќе го одржи на 18 и 19 ноември 2021, одбележувајќи го Светскиот ден на женското претприемништво и приклучувајќи се кон политиките за негов развој на национално и светско ниво.
Тоа е одлична можност за претставување на главните “виновници“ за овој голем и корисен проект во областа на женското претприемништво, кои својата визија и цел, со плодна меѓусебна соработка ги донесоа на поголемо ниво и поголема популаризација на сите предизвици и состојби и намдинување на истите.
Валентина Дисоска, Претседател на Здружение на бизнис жени и Претседател на Националната платформа за женско претприемништво.
“Овој проект за мене претставува сублимат на децениското работење на
Здружението на бизнис жени за промоција и подобрување на состојбата
на женското претприемништво. Долгогодишната заложба, промовирање и креирање свесност за потребата од
јакнење на женското претприемништво, долгогодишна соработка со партнерските организации сето тоа резултира со креирање на Националната
платформа за женско претприемништво -истакнува Дисоска, и додава: “Многу ме радува препознавањето на нашата сериозна заложба од страна на
уште 40-тина потписници на Декларацијата за Националната платформа, што за нас значи дадена поддршка и креирање на
пошироко тело, за понатамошна работа на Националната платформа“- во нејзиното сеопфатно објаснување на Проектот.
Жените претприемачки, кои се дел од промоцијата на проектот се другата секако не помалку важна величина на поддршката на проектот. Креирањето на свесност за потребите од промени е од клучно значење за придвижување на промените.
“Воедно, ги поканувам организациите кои не се дел од Националната платформа да ни се приклучат и со заеднички сили да ја направиме потребната промена “, и додава дека на Смитот кој го организираат на 18 и 19 Ноември, ке се говори за досега сработеното, за согледувањата, ке ги испорачаат сите информации и барања и ке се воспостави поцврст темел со сите засегнати страни за понатамошна заедничка работа и креирање промени.”- порача Дисоска, на само неколку дена пред почетокот на овој голем настан.
Елена Блажевска, проектен координатор во Здружението на бизнис жени и асистент на Националната платформа за женско претприемништво
Од Националната платформа за женско претприемништво очекувам да ги обедини сите релевантни чинители, како државни институции, невладин и бизнис сектор со кои заедно ќе креираме политики и ќе придонесеме за јакнење на економската активност на жената. Преку активностите на платформата од една страна ќе придонесеме за зајакнување на улогата на жените претприемачки да бидат двигатели за еконoмски раст и развој во државата, а исто така и ќе ги унапредиме капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво. На Годишниот самит, кој ќе се одржи на 18 и 19 ноември има за цел да ја зголеми видливоста и профилот на платформата и придобивките што ги обезбедува истата за засегнатите страни и за женското претприемништво, како и да обезбеди редовна можност, заедницата на платформата да се собере, за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво – се нејзините ставови околу функционирањето на оваа Платформа и придобивките од неа.
Мими Петкова-Шушлеска, советник во Сојуз на стопански комори на Македонија а на Проектот на Националната платформа е ангажирана како Community building officer. За целиот проект таа вели: “ Женското претприемништво е неискористен потенција кој доколку се стави во функција ќе придонесе за значително подобрување на економската и социјалната стабилност во општеството. Сојузот на стопански комори на Македонија со години наназад активно се залага и се бори за подобрување на општествениот екосистем за развој и поддршка на жените во бизнисот, а препознавајќи го истиот приоритет кај другите партнерски здруженија, станува дел од Националната Платформата за женско претприемништво. Оваа Платформа е уникатна можност за здружување на сите општествени чинители во кои заеднички ќе поттикна носење на квалитетни и адекватни економски, социјални и образовни политики кои ќе создадат подобри можности за младите претприемачки да го почнат својот бизнис, или пак да се обезбеди забрзан раст и развој на бизнисите кои веќе постојат“.
За Годишниот Самит на Платформата, истакнува дека и е голема чест и задоволство што е дел од овој значаен настан, на кој ќе бидат презентирани резултатите од она што е сработено во правата година од нејзиното конституирање, ќе се разменат искуства и знаење за најважните теми и ќе се трасира патот за следните активности.
Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување каде е програмски менаџер а во Национална платформа за женско претприемништво е ангажирана како координатор за градење на капацитети.
Таа смета дека – “Со креирањето и имплементацијата на Националната платформа за женско претприемништво сакаме нашето и искуството на сите наши соработници да го примениме во процесот на развој и креирање на политики и реформи, да извршиме олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни, да ги подобриме капацитетите на граѓанските организации кои поддржуваат женско претприемништво како и да ја зголемиме видливоста за жените претприемачи како двигатели на промени во економската политика.
Првиот годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво ,,Нови перспективи за женско претприемништво” претставува важен настан во полето на женското претприемништво, овозможувајќи простор за жените претприемачи и организациите кои работат во ова поле, да го одбележат заедно Светскиот ден на претприемништво и да се приклучат кон политиките за негов развој на национално и светско ниво. Овозможувајќи услови за презентирање на добри практики, отворени дискусии и доделување на награди за избор на жена на претприемач, најуспешна млада лидерка и граѓански организации со добри практики Самитот поставува основа за зголемување на видливоста и профилот на платформата и придобивките кои ги обезбедува истата за засегнатите страни и за женското претприемништво во целост.
Даниела Антоновска проект координатор од Национална Федерација на Фармери во НПЖП е Координатор за младински политики ( Youth leadership officer)
Самитот “Нови перспективи за женско претприемништво“ е одлична можност токму во пресрет на Меѓународниот ден на жените претприемачки (19-ти ноември) да се потсетиме на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки и преку споделување на успешни приказни и практики да се инспирираат и мотивираат останатите да зачекорат во светот на бизнисот. -“Самитот е можност да се слуше гласот на жените во бизнисот и жените претприемачки, да се поврзете со други кои работат во вашата индустрија, да размените идеи, да дадете поддршка – им порачува Даниела на претприемачките и додава дека: “ Проектот Национална Платформа за женско претприемништво на едно место ги обединува сите релевантни чинители во делот на женското претприемништво, давајќи можност да седнат на заедничка маса жените претприемачки, невладините организации, локалните и националните креатори на политиките. Направени се одредени чекори, но останува преку проектот да се креираат уште поповолни и родово еднакви услови со цел позитивна бизнис клима за сите кои сакаат своите бизнис идеи да ги преточат во пракса.
Александар Целески, Дипломиран Економист и Сертифициран Менаџмент Консултант.
Целески е дел од ДУЕЛ Консалтинг, компанија која учествувала на Јавниот пшовик за изработка на документ за јавни политики и ја добиле задачата да изработат “Документ за јавни политики за жени претприемачки во руралните средини во Македонија”.
“Платформата на НПЖП е нешто кое што есенцијално недостасуваше во нашата држава, и како проект очекувам дека ќе има директно и клучно влијание врз подобрување на економскиот статус на жената.
Задоволство ми е да работам со сите чинители на НПЖП во делот на креирање на документ за јавни политики кој треба да придонесе за нови мерки и активности за поддршка на женското претприемништво, особено кај жените во руралните средини на Македонија“- ги сподели своите ставови Целески.
Да потсетиме дека Самиот ќе се одржи на 18 и 19 ноември од 9 и 30 часот во хотел Александар Палас во Скопје и за сите оние заинтересирани кои не можат да присуствуваат во живо ,истиот може да го следат пореку Апликацијата на следниот линк https://us02web.zoom.us/j/82058627748
Настанот можете да го следите во живо на ФБ страната на НПЖП
https://www.facebook.com/NPWENationalplatformforwomenentrepreneurship
Доколку сакате да се запознаете со Агендата на настанот кликнете на следниот линк
https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/11/Agenda1_Kongres-1.pdf