НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2021 – Работилници за финансиски менаџмент и односи со инвеститори

САМИТ 2021 – Работилници за финансиски менаџмент и односи со инвеститори

Во рамки на Самитот 2021 “ Нови предизвици во женското претприемништво“, на вториот ден од одржувањето, 19.11 (петок)  ќе се одржат две работилници со теми од најважниот дел во бизнис секторот а тоа се обезбедување на финансии. Првата работилница ќе биде  од 12 часот а втората работилница  од 14  часот .

 

Првата работилници на тема “Финансиски менаџмент“ ќе ја води  Горан Лазаревски кој е специјалист за  менаџмент, пристап до финансии; традиционални и алтернативни финансиски инструменти и финансиска едукација за бизнисите; креирање политики, лобирање, застапување, проценка на влијанието на регулативата/изготвување инклузивно законодавство. Исто така негова специјалност се : одржлив бизнис, правни реформи, јавно-приватно партнерство, индустриска политика, регулаторна гилотина и решенија за е-општество и е-влада во различни области.

На неговите позиции како оперативен и финансиски менаџер на мали и средни бизниси и организации од јавниот и граѓанскиот сектор во земјата и Косово, Горан работел на предизвиците на финансискиот менаџмент, прашањата на ликвидноста и готовинскиот тек и оптимизација на ресурсите, деловна транспарентност и етика, корпоративно управување и оперативен менаџмент, финансии, продажба, маркетинг и истражување/развој.

Во изминатите години тој ја продолжил својата активност како експерт-предавач, говорник, презентер фокусирајќи се на пристап до финансии и финансиски менаџмент, како и ментор за малите и средните класични и социјални претпријатија во стекнување финансиски средства и одржлива ликвидност за надминување на предизвиците со готовинскиот тек.

 

Втората работилница: Обезбедување финансии/односи со инвеститори ќе ја води Игор Маџов кој е  инвеститор, претприемач и повеќе од 10 години вклучен во раст и развој на Стартап екосистемот во Македонија и Југоисточна европа. Како коосновач и претседател на Startup Macedonia е во постојан контакт со предизвиците кои ги имаат стартап компаниите и ги поврзува најуспешните бизниси со изворите на финансирање од Македонија и странство во рамки на Швајцарската програма за претприемништво во улога на инвестициски фасилитатор западен балкан. Во изминатите години има соработувано со над 200 стартап компании и овозможено да дојдат до финансирање за своите иновативни и технолошки продукти преку пристап до equity инвестиција (ангел инвеститори, VC i PE вондови).

Игор верува дека преку дигитална трансформација, иновација, вмрежување и правилно искористување на ресурсите може да се направи значителен импакт на општеството во кое сите имаат право да ги реализираат своите амбиции.

Секако дека и двете работилници ќе дадат значителен инпут во насочување на жените во бизнис секторот како да ги насочуваат своите активности во сферата на обезбедување на финансии и изнаоѓање пристап до истите.

 

По завршување на работилниците, Самитот ќе заврши со презентирање на Заклучоците, кои ќе бидат основа за понатамошните активности и во рамки на Проектот и општо за развој на женското претприемништво.

 

Инаку да  потсетиме дека  Самиот ќе се одржи на 18 и 19 ноември од 9 и 30 часот во хотел Александар Палас во Скопје и за сите оние заинтересирани кои не можат да присуствуваат во живо, истиот може да го следат преку Апликацијата ZOOM  на следниот  линк    https://us02web.zoom.us/j/82058627748

Настанот можете да го следите во живо на ФБ страната на НПЖП

https://www.facebook.com/NPWENationalplatformforwomenentrepreneurship

Доколку сакате да се запознаете со Агендата на настанот кликнете на следниот линк https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/11/Agenda1_Kongres-1.pdf

 

Проектот е имплементиран од: