НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Инфографици – Дел од заклучоците на тематската група за “Политики и програми во женското претприемништво “

Инфографици – Дел од заклучоците на тематската група за “Политики и програми во женското претприемништво “

На третиот состанок на тематската група „Политики и програми во женското претприемништво“, кој всушност беше последен состанок од оваа Тематска група за првата година од проектот Национална платформа за женско претприемништво, еден од заклучоците беше:“ Едукацијата на жените во овој сектор, треба да е важен дел од Националната ИКТ стратегија“.

 

Исто така беше договорено да се изработи документ со графички приказ , како усогласување на сите сектори и истиот да биде презентиран од соодветните претставници на престојниот Самит за женско претпримеништво што во организација на Националната платформа, кој се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје..

Документот во форма на инфографици е изработен и ги опфаќа сите важни сегменти кои ќе ги презентираме поединечно!

Во овој дел фокусот е на разбивање на стереотипите во делот на културолошките и општествени норми, пред се за негативната перцепција за присуство на жените во бизнис светот, родовото стереопитизирање на професиите, балансирањето на семејниот и работниот живот и други присутни кај нас стереотипи.

Исто така е изработен инфографик за Проблеми и предизвици на ниво на јавни политики, каде се потенцираат отсуството на активни мерки за подршка, отсуство на родова перспектива во клучни стратегии, недоволна вклученост на жените во политиките за женско претприемништво и други.

Следниот инфографик се однесува на Проблеми и предизвици во пристап до финансии за жени, каде акцент се става на недостатокот од почетни финансии и ресурси, непостоење на посебна финансиска стратегија за финансиска инклузија на жени, формализирање на бизниси од дома и други клучни ставки.

Секако дека важен дел зема и инфографикот изработен според состојбите во Пристапот до информации и обука за јакнење на капацитетите на жените во женското претприемништво, каде се потенцирани главните точки по однос на неинформираноста за постоечките можности за почнување на бизнис, неинформираност за обуки, некоординираност , неконтинуираност на активности, неконципирани обуки и слично.

Ваквиот приказ преку инфографици, за клучните состојби во областа на женското претприемништво што произлегоа од работата на Тематската група на тема  „Политики и програми во женското претприемништво“ е основа за градење на понатамошни чекори за намдинување на состојбите кои се пречка во развојот. 

Проектот е имплементиран од: