Ксенија Вангелова е локална координаторка на Националната платформа за женско претприемништво за Југоисточниот плански регион, чиј центар е Струмица.
Таа е основач и Извршен директор на Бизнис Иновациски Центар Струмица е виш соработник за имплементација на активни мерки и политики за вработување, кариерен советник и советник за работодавачи во Агенција за Вработување на РМ. Член е на EBN (European Business and Innovation Centre Network).
Ксенија Вангелова е магистер по меѓународно право и дипломатија, спцилизација иновации и иновациски менаџмент со искуство повеќе од десет години во менторство и работа со иновативни стартапи, Инкубатори и Бизнис Иновациски Центри, и изградено портфолио на искусен ментор, развој на технологии и креирање на иновативни идеи.
Поседува практични искуства во инвестициски менаџмент, оперативен менаџмент, инвестиции во стартапи и валидација на идеи.