НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Локални координаторки на хабови – Елена Мишевска одговорна за Полошкиот регион

Локални координаторки на хабови – Елена Мишевска одговорна за Полошкиот регион

Националната платформа за женско претприемништво, со крајот на 2021 година, влезе во следната фаза од работењето, кога активностите од Национално ги прошири на локално ниво, за да овозможи понепосредно информирање и достапност на Платформата  до жените претприемачки.

Локални хабови се организирани  во осумте плански региони во државава: Полошки, Вардарски, Североисточен, Југозападен, Пелагониски, Југоисточен, Источен и Скопски регион  и се избраа координаторки за секој  регион.

 

Во Полошкиот регион, каде центар на работата е градот Тетово координаторка е  Елена Мишевска. Таа е магистер по Дипломатија и Меѓународна политика со завршени два  факултети:  Јавна Администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа и Лидерство и Младинска Работа – Јонкопинг Универзитет – Шведска.

 

Елена Мишевска има 14 годишно искуство во имплементација на проекти поддржани од меѓународни донатори а и дополнително претходно искуство со женско претприемништво – ЕУ Проект – WE MAKE и има дадено значителен придонес за Полошки Регион во поддршка за отварање над 100 бизниси управувани од жени. 

 

Работата како координаторка на Полошкиот хаб, на Националната платформа за женско претприемништво за неа е нов предизвик, каде  економската независност и професионалниот просперитет на жената е ставен во преден план.

Проектот е имплементиран од: