НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

МЕРКИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИ БИЗНИСИ ПО КОВИД-19- ПРИРАЧНИК И НАСОКИ

МЕРКИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИ БИЗНИСИ ПО КОВИД-19- ПРИРАЧНИК И НАСОКИ

Пандемијата КОВИД-19 предизвика бројни негативни ефекти врз женските бизниси низ нашата земја. Најголем дел од женските компании се погодени од кризата и се борат да опстојат на пазарот. Еден од најголемите предизвици е профитабилноста и намалената куповна моќ на потрошувачите. Најчесто жените претприемачи се присутни во микро претпријатијата, каде капацитетите и резервите за опстанок без готовински прилив е исклучително тежок на долг рок. Оттука, неопходна е владина поддршка на женските бизниси за надминување на кризниот период и обезбедување на обуки за нивно преструктуирање или прилагодување кон новите пазарни услови.

Сите бизниси се принудени да се прилагодат на новонастаната пазарна ситуација, и мора да се работи на нивна адаптација. Создавањето детален план за континуитет и предвидување на финансискиот тек е важен услов за одржување на тековните деловни операции и овозможува полесно закрепнувањето на бизнисите во пост Ковид-19 периодот.

Предвидените чекори имаат за цел да појаснат што треба женските бизниси да предвидат и како да реагираат на секојдневните промени, за да можат да го контролираат финансискиот тек и да воспостават оперативна еластичност.

Прирачникот за Мерките можете да го преземете на следниот линк:

https://cup.org.mk/publication/measures-for-strengthening-women-businesses-after-covid-19

Проектот е имплементиран од: