Сузана Наумоска од Охрид е координаторка на Хабот од Југозападниот плански регион на Националната платформа за женско претприемништво.
Таа веќе 30 години е жена претприемач а со самото тоа има големо искуство и знаења во однос на условите, потребите и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки.
Сузана по образование е Менаџер по економија и туризам, дипломирала на Факултетот за туризам во Охрид. Таа е 25 годишен едукатор во ОЈУ ГРАЃАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ ,,КУЗМАН ШАПКАРЕВ’’- ОХРИД.
Зад себе има успешна работа на проекти од: UNDP, Министерство за труд и социјала, АВРМ, Еразмус размена во Рим, Италија, wellness и спа едукација, и социјално претприемништво, работа на онколошки пациенти и геријатрија. Нејзиното име се појавува и како хуманитарка, член на Lions Club International, LC Desareti, претседател на ТК ЕДЕН ( кластер на југозападен регион), а има искуство со едукација во Тирана, Приштина, Ница и Болоња.
Таа е добитник на меѓународно признание ,,Жена на 21 век’’ во Белград и никогаш нејзините активности не запираат.
Ангажманот како координаторка за овој регион со седиште во Охрид, од каде ќе ги организира активностите во југозападниот регион е нов предизвик и секако продонес за надминување на состојбите со женското претприемништво.