Хабот на Националната платформа за женско претприемништво во Источниот плански регион, ќе го координира Невенка Лонгурова Гирова.
Таа е дипломиран педагог, со диплома од Филозофскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еден е од основачите и извршен директор на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип.
Невенка има 19 годишно искуство во зајакнување и поврзување на граѓански организации и општините, бизнис секторот и медиумите. Во текот на професионалниот ангажман има имплементирано и управувано со проекти поддржани од домашни и меѓународни донатори, организирано и учествувано на настани, конференции, како и менторирано организации и институции за нивен институционален развој, развивање и управување со проекти, подготовка на стратегии, документи за јавни политики итн.
Посебен придонес има дадено во поддршка на жените од ранливите категории во зајакнување на нивните капацитети и индивидуално кариерно советување.
Од 2019 година е амасадор на ЕПАЛЕ за Македонија (Електронската платформа за образование на возрасни во Европа) и работи на промоција на платформата и доживотното учење во нашата земја.
Како координатор на Хабот на Источниот плански регион ќе ги организира активностите и настаните со жените претприемачки од Штип.